Двајца загинати и двајца тешко повредени во сообраќајка

Гостивар, 26 февруари (МИА) - Две лица го загубија животот, а две се тешко повредени во судар меѓу камион и патничко возило што се случи попладнево на магистралниот патен правец Гостивар-Кичево, во близина на бензинската пумпа „Бунар петрол“.

На самото место загинале возачот и совозачот во патничкото возило „опел астра“ со скопска регистрација. Тешко повредените патници меѓу кои и едно дете  кои се превезувале во ова возило се пренесени на скопските клиники.

Возачот на камионот кој е со албански таблички се здобил со полесни повреди.

Полицијата го обезбедува местото на сообраќајната несреќа. Се очекува да пристигнат експерти од крим техника, истражен судија и јавен обвинител. Воведен е посебен режим за движење на возилата во делот на патот од наплатната рампа до надвозникот за влез во Гостивар.

Се претпоставува дека причина за несреќата е неприлагодина брзина на условите на патот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...