Есма Реџепова одликувана со „Орден за заслуги за Македонија“

Скопје, 6 април (МИА) - Би сакала сите да ја гледаат Република Македонија преку моите очи, бидејќи моите очи се космополитски. Нека живее оваа мала, но убава Македонија, изјави денеска естрадната дива Есма Реџепова - Теодосиевска, откако претседателот на државата Ѓорге Иванов ја одликуваше со „Орден за заслуги за Македонија“.

- Со својата автентичност, оригиналност и перфектна вокална изведба, Есма ја афирмираше македонската и ромската музика во светот, израснувајќи во маркантно интернационално музичко име, рече Иванов.

Орденот за заслуги Реџепова Теодосиевска, како што посочи , го добива за афирмирањето на Република Македонија, за нејзината музичка големина и за нејзината хуманитарна дејност.  

- Денешната свеченост се одвива на само два дена пред 8. Април - Меѓународниот ден на Ромите. Ромската заедница е нераскинлив дел од македонското општество и не случајно токму во нашата земја постои општина каде што ромскиот јазик е во службена употреба, изјави претседателот Иванов. Есма, рече шефот на државата, е една од водечките личности во ангажманите за подобрување на социјалната и економската состојба на Ромите. Споредувајќи ја со Мајка Тереза, Иванов посочи дека Есма е апсолутен пример дека не постојат бариери кога е во прашање талентот, волјата и истрајноста.

Ромската кралица, како што популарно ја нарекуваат пејачката Есма Реџепова - Теодосиевска, изјави дека орденот е заслуга на граѓаните и оти тој им припаѓа и ним, бидејќи без нив таа немаше да го постигне овој успех.

- Ова е признание за сите граѓани, за сите националности кои живеат во Република Македонија, рече Есма заблагодарувајќи им се исто така и на медиумите, кои секогаш ја поддржуваа.

Есма Реџепова - Теодосиевска, истакнат естраден уметник и хуманист, е родена на 8. август 1943 година во Скопје. Потекнува од ромско семејство. Во нејзиното семејство песната, музиката и фолклорот се секојдневно присутни и се дел од семејната традиција.

На единаесетгодишна возраст учествува на популарната емисија на радио Скопје „Микрофонот е Ваш“ и ја освојува првата награда. На тој настап ја забележува Стево Теодосиевски, кој во тоа време работи како корепетитор на програмата на радио Скопје. По завршувањето на основното образование во Скопје, Есма започнува да работи со оркестарот на Стево Теодосиевски и почнува да бележи успеси. Првиот настап во странство е во театарот „Олимпија” во Париз.

Во периодот од 1960 до 1989 година Есма и Стево Теодосиевски имаат свое престојувалиште во Белград каде што Есма го завршува вишото естрадно училиште, а поради големиот број настапи во голем број држави на сите континенти, тие со право се нарекуваат „граѓани на светот”. Покрај со музиката, биле активни и на полето на хуманоста.

Низ нивниот дом поминале 47 деца кои биле израснати и воспитани во традиционален дух достојно да ги наследат своите родители. Покрај создавањето на вака бројно музичко семејство, Есма Реџепова - Теодосиевска и ансамблот „Теодосиевски” имаат одржано повеќе од 2.000 хуманитарни концерти, како и спроведено повеќе хуманитарни активности и донации, од кои би се издвоила донацијата направена за градот Скопје „Домот на хуманоста и музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски”.

Есма Реџепова - Теодосиевска заедно со ансамблот „Теодосиевски” има издадено 108 сингл плочи, 20 лонг - плеј плочи, 32 аудио касети, 15 компакт дискови, шест видео касети и има снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ. Има настапувано во шест филмови и тоа: „Скопје ‘63”, „Крст Ракост”, „Туѓиот татко”, документарен филм од прогласувањето за кралица на ромската песна во Индија, „Запеј Македонијо” и филмот “ЕСМА” во продукција на ЗДФ од Германија.

За долгогодишната работа на музиката и песната и исполнувањето на критериумите на СОКОЈ е прогласена за истакнат естраден уметник и е единствената која во оваа категорија наградата ја добива според заслугите, а не според работниот стаж. Во 1976 година на првиот „Фестивал на Ромска музика и песна” што се одржува во Чандигар, Индија е официјално прогласена за кралица на ромската песна.  Во 1992 година на големата западно - европска турнеја е прогласена за „Примадона на европското пеење” и е единствен фолк пејач носител на оваа награда. Покрај овие Есма е добитник и носител и на повеќе други награди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...