Скопје, 19 април 2010 (МИА) - Полицијата денеска уапси над 40-тина лекари и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување под сомнение дека ја злоупотребиле службената должност и примале мито при издавањето на инвалидски пензии.
Дел од нив веќе се на распит пред истражен судија.
Од МВР потврдија дека во тек е обемна акција во Скопје и низ други градови во државата, за приведување лица осомничени дека се поврзани со криминални активности околу издавање одлуки за добивање инвалидски пензии.