Кривични пријави за 37 осомничени од "Метастаза"

Скопје, 20 април 2010 (МИА) - Полицијата до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал поднесе кривична пријава против 37 идентификувани лица осомничени за криминал и малверзации поврзани со стекнување право на користење на инвалидски пензии.

Во рамки на акцијата „Метастаза“ се приведени 33 лица, а 4 лица не се пронајдени. Извршени се претреси во домовите и службените простории кај вкупно 15 пријавени лица, а кај три е пронајдена поголема сума пари. Пронајдена е и одземена документација, компјутери, телефонски апарати и други предмети.

Портпаролот на МВР Иво Котевски денеска информира дека досега се идентификувани и 57 баратели на инвалидски пензии, од кои 26-мина веќе го оствариле правото на инвалидска пензија (20 лица времена пензија и 6 лица - целосна), 10-мина добиле решение, но истите не им се процесуирани во подрачните единици на ПИОМ. За 21 барател постапката за добивање на инвалидска пензија се уште е во процедура. Според него, постојат сознанија за извршени злоупотреби и во уште 200 други предмети на баратели на инвалидски пензии кои ќе бидат предмет на понатамошна истрага со цел обезбедување докази за инволвирани лица, висината на остварената противправна имотна корист и штетата нанесена на ПИОМ.

Меѓу приведените, осомничени за злосторничко здружение формирано за вршење на кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „примање поткуп„ и „фалсификување на исправа“, се и претседатели и членови на Комисиите за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа (Ревизиона и Првостепена). Во криминалната група биле и 17 лекари од повеќе јавни и приватни здравствени установи, медицински лица и лица - посредници за пронаоѓање на заинтересирани баратели на инвалидски пензии, лица кои изготвувале фалсификувана медицинска документација, помагачи за извршување на одредени злоупотреби. Во групата, со хиерархиска поставеност, сите имале и дефинирани улоги во извршувањето на кривичните дела. Секој во зависност од активноста која ја извршувал, добивал сразмерен дел од паричната награда од 1.500 до 4.000 евра која ја исплаќале барателите на инвалидски пензии.

Членовите на криминалната група од овие баратели досега прибавиле имотна крист од околу 165.000 евра, а на Фондот за ПИОМ, му нанеле штета од околу 53.000 евра, пари што веќе биле исплатени на оние баратели кои го оствариле правото на инвалидска пензија.

- Паричната надокнада била примана од заинтересирани баратели на инвалидска пензија кои неисполнувале услови, но и баратели кои ги исполнувале условите за добивање на инвалидска пензија, а на кои намерно им се одоговлекувала постапката, појаснува Котевски.

Како членови на групата кривично пријавени се: С.Ј.(37), кардиолог на Клиника за Кардиологија и претседател на Комисијата за ревизија за утврдување на инвалидност при МТСП и С.Д. (52), неврохирург на Клиника за Неврологија и член на истата Комисија; Љ.В. (50) психијатар во МТСП и претседател на Комисијата за оценка на работната способност во прв степен при ФПИОМ и четири члена на истата Комисија, инаку лекари вработени во МТСП – П.Г.(58), Л.А.-С.(53) од Тетово, С.Т.(54) од Скопје и Љ.П.(53) од Крива Паланка. Потоа вкупно 17 доктори специјалисти и лекари: З.Б.(48) од Скопје, ортопед во Клиниката за ортопедија, Ѓ.Х.А.(51) од Скопје, психијатар во ЈЗУ Психијатарска болница, О.М.(56) од Скопје, клинички психолог во ЈЗУ Психијатарска болница, Ј.Б.(53) од Скопје, лекар во интерно одделение во Воена Болница, Б.Т.(50) од Скопје, кардиолог на Клиника за Кардиологија, М.Д.(49) од Скопје, невролог во ПЗУ„Неуролаб“ Скопје, Т.П.(53) од Скопје,  ортопед на Клиника за ортопедија, И.Б.(46) од  Струмица, невролог во Клиниката за Неврологија, А.Ј.(48) од Скопје, психијатар во ЈЗУ Психијатарска болница, В.П.(65) од Скопје, невропсихијатар во ЈЗУ Болница Куманово, Ф.Т.(59) од Скопје, лекар-раководител на физикална терапија при Воена Болница, Љ.Г.(61) од Скопје, пулмолог на Клиника за Пулмологија, Љ.С.(57) од Скопје, рентгенолог, Г.Н.(46) од Скопје, невролог во ПЗУ Поликлиника „Примед“ Скопје, И.В.(54) од Тетово, лекар во Болница за Белодробни заболувања „Лешок“, Ј.М.(53) од Тетово, лекар во ЈЗУ Клиничка болница-Тетово, Е.Ш.(50) од с.Велешта-Струга, лекар во ЈЗУ Болница-Струга, како и лицата В.Д.(45) од Скопје, административен работник во ЈЗУ„Психијатриска Болница“ и  М.З.(52) од Скопје, архивар во ФПИОМ, сите горенаведени се пријавени за сторени дела „злосторничко здружување„ и „злоупотреба на службената положба“.

Љ.Б.(29), И.Т.(22) и Д.Б.(25) сите од Скопје за сторени дела „злосторничко здружување“, „помагање“ и „фалсификување исправа“. А.К.(45) од с.Глумово, З.Н.(53) од Скопје, техничар–лаборант, вработен во Клиника за трансфузиологија, Ж.П.(62) од Скопје, З.А.(55) од Велес, Д.Т.(64) од Скопје, Р.В.(59) од Велес, М.А.(59) од Скопје и С.З.(50) од Скопје за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „помагање“. Покрај за горе наведените кривични дела лицата З.Б. и З.Н. се пријавени и за кривично дело „примање поткуп“.

Првопријавениот искористувајќи ја својата службена положба како кардиолог и претседател на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа, во текот на втората половина на 2008 година организирал група, злосторничко здружение, и заедно со Љ.В., поддржани од членовите на првостепената и Ревизионата комисија, имале увид и контрола над сите поднесени барања за инвалидски пензии. Двајцата се товарат дека ги координиле припадниците на криминалната група кои биле членови на комисиите, кои одлучувале по предмети за кои претходно преку посредници биле примени парични награди од барателите на инвалидски пензии. За возврат членовите групата им обезбедувале фалсификувана медицинска документација која била користена во постапката за добивање инвалидски пензии. Медицинската документација ја обезбедувале на тој начин што пациентите ги воделе на прегледи кај осомничените лекари од јавни и приватни здравствени установи, или пак пациентите воопшто не биле присутни при потребните прегледи.

Пријавените 17 лекари со посредниците соработувале така што им издавале медицинска документација со невистинита содржина со нивни потписи и факсимили, односно изготвувале медицински извештаи, извештаи од специјалисти, извештаи од субспецијалисти, медицински наоди, извештаи за извршени прегледи, ЕКГ, КТМ, ХОЛТЕР, отпусни листи, пишувале потребни дијагнози во зависност од нивната специјалност кои не соодветствуваат на фактичката здравствена состојба на пациентот, или изготвувале медицинска документација без извршен преглед на пациентите. Одредени лекари, пак, давале стручни консултации кои дијагнози се најдобри да се впишуваат во медицинските извештаи за да може пациентот да добие инвалидска пензија.

Пријавените И.Т. и Д.Б. биле ангажиран од страна на  пријавениот Љ.Б. во изготвување на фалсификувана медицинска документација со пополнување на невистинити дијагнози во медицинските извештаи, во случаите кога на друг начин истата не можела да се обезбеди, а ги заверувале со фалсификувани или украдени печати и факсимили и ги заведувале на шалтерите кај секоја од поедините медицински установи.

Пријавената В.Д. вработена  во Психијатриска Болница соработувала со криминалната група, во делот на заведување на фалсификувана медицинска документација во книгата за евиденции, додека пријавениот М.З.(архивар во ПИОМ) соработувал во делот на проверка за текот на предметите и отстранување на фалсификуваната медицинаска документација од преметите по нивно завршување, односно архивирање. Пријавените Д.Т., Р.В., М.А. и С.З. биле ангажирани за обезбедување пациенти, потенцијални баратели на инвалидски пензии, а откако ќе ги обезбеделе, договарале средби и контакти со останатите. Лекарот З.Б. и посредникот З.Н. се пријавени и за кривично дело „примање поткуп“ бидејќи од барател на пензија побарале 2.500 евра, а примиле поткуп од 1.500 евра ветувајќи му остварување на право на инвалидска пензија за што се обезбедени и потребните материјални докази.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...