Ќе се ревидираат издадените инвалидски пензии

Скопје, 20 април 2010 (МИА) - Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами денеска најави дека надлежната комисија при Министерството ќе изврши ревизија на инвалидските пензии за чие издавање се утврдени неправилности од МВР, врз основа на кои вчера беа уапсени повеќе лекари и службеници во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. 

- Сите предмети контролирани од МВР во кои тие утврдиле неправилности при издавање на пензиите, ќе бидат ревидирани, изјави Бајрами пред Владата на Република Македонија.

Тој најави дека доколку се утврдат неправилности при издавањето на пензиите ќе биде побарано од корисникот на пензија да ги врати земените средства.

Бајрами појасни дека од минатиот месец функционира нова повеќечлена комисија и оти претседателот на комисијата, кој е осомничен, е разрешен од поодамна.

- Комисијата која функционираше до минатиот месец е расформирана, но не поради тоа што имавме индиции дека се вршеле злоупотреби, туку затоа што им истече мандатот на членовите. Имаме нова 21-члена комисија со нов концепт на работа. Претседателот кој е еден од првоосомничените е веќе уште поодамна разрешен, подвлече Бајрами.

Во врска со четворицата лекари кои се осомничени, а биле членови на првостепената комисија во ПИОМ, министерот Бајрами рече дека во зависност од исходот на судската постапка ќе зависат понатамошните чекори.

- Доколку се утврди дека имало неправилности во нивното работење тогаш тие ќе бидат отстранети од работа и ќе треба да се заменат со други лекари. Ќе настојуваме да добиеме согласност од Министерството за финансии за привремено вработување на дополнителни четворица лекари, рече министерот Бајрами.

Вчера во полициска акција беа уапсени 33 лекари и службеници од ПИОМ осомничени за  криминални активности околу издавање одлуки за добивање инвалидски пензии. Денеска МВР соопшти дека до Основното  јавно обвинителство за гонење организиран криминал поднесе кривична пријава против 37 идентификувани лица осомничени за криминал и малверзации поврзани со стекнување право на користење на инвалидски пензии.

МВР досега идентификувало 57 баратели на инвалидски пензии, од кои 26-мина веќе го оствариле правото на инвалидска пензија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...