II светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Охрид, 7 мај 2010 (МИА) - „Религијата и културата нераскинлива врска меѓу народите“ е мотото на Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, што во организација на Министерството за култура во соработка со Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија ќе почне  денеска во Охрид.

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска вчера пред медиумите кои ќе известуваат од Конференцијата изјави дека Македонија со овој религуски форум уште еднаш го потврди лидерството во регионот во однос на почитувањето на   верските права и културната разноликост.

- Со одржувањето на првата, како и на оваа светска конференција за меѓирелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, Република Македонија покажа и докажа дека е лидер во регионот во насока на почитувањето на верските права и културната разноликост, кои се темел на мирот, благосостојбата и просперитетот, изјави Канческа-Милевска.

Таа истакажна дека од голема важност е фактот што Втората светска конференција се одржува во знакот на три значајни јубилеи, како што се 100-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, 1.100 години од упокојувањето на Свети Наум Охридски, како и 1.400 годишнината од објавувањето на Куранот.

Според неа, бројното присуство на претставници на сите верски заедници од над 30 држави и неколку континенти, голем број експерти и научни работници, угледни професори и претставници на невладини организации, е потврда на заложбите за заедничко работење во насока на унапредување и јакнење на мирот, стабилноста, соработката и пред се на важноста на религијата и културата во унапредување на универзалните вредности.

Претседателот на Комисијата за односи со верски заедници, Валентина Божиновска, на средбата со новинарите истакна дека во текот на Форумот е предвидено  претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и премиерот Никола Груевски да остварат билатерални средби со претставници на сите верски заедници и помалите религиозни групи, учесници на Конференцијата.

Пред учесниците на големиот религиски собир свои обраќање ќе имаат и претставнции на сите верски заедници во РМ, вклучувајчи ја и Исламската верска заедница, која, како што рече, активно учествуваше во самите подготовки за Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

Божиновска како новина го посочи прашањето околу хиерархиската поставеност на женскиот дискурс во религијата, што како тема првпат ќе се распарава на ваков значаен собир, притоа не исклучувајќи ја можноста истата да биде поместена и во завршната декларација од средбата.

Според агендата, на меѓународниот форум ќе се обрати и Бутрос Бутрос Гали, поранешен генерален секретар на ОН, кој е претседател на египетскиот Националниот совет за човекови права.

Инаку, на Конференцијата што до 9 мај ќе се одржува во Охрид свој придонес ќе дадат претставници на римокатоличката, муслиманската, евангелско-методистичката црква, Црквата на Исус Христос, будисти, претставници на Еврејската заедница, адвентисти, протестанти. Своето присуство го најавија и високи црковни лица од Русија, Албанија, Ерменија, Индија, Либан, Ватикан, Израел, Швајцарија, Австрија, САД. На собирот можно е и учество на претставник на Српската православна црква, додека Грчката православна црква не учествува на форумот во Охрид, исто како и пред три години.

Според организаторите, „форумот ќе ја афирмира вистината дека културата може да одигра клучна улога во надминувањето на религиозните и расните предрасуди и на меѓународните нетрпеливости, негувајќи го вековното традиционално разбирање во меѓуетничките односи“.

Конференцијата „Религијата и културата - нераскинлива врска меѓу народите“ се организира во рамките на Меѓународната година на Обединетите нации за зближување на културите. Настанот е во рамките и на „Декадата за дијалог помеѓу цивилизациите“ и „Декадата за култура на мирот на ОН и УНЕСКО“, а претставува континуитет на дијалогот започнат на Првата конференција во Охрид во 2007 година.

Настанот е поддржан од Владата на Република Македонија и од УНЕСКО кој, како и за Првата конференција, партиципира и со финансиска поддршка, овојпат со 100.000 американски долари. Дел од одобрените средства на УНЕСКО се обезбедени од шпанските фондови за остварување на Милениумските развојни цели, во рамките на проектот на УНДП „Подобрување на интеретничкиот дијалог и соработка на заедниците во Република Македонија”. За Конференцијата поддршка даде и Фондацијата на холокаустот и Евреите во Македонија со сума од 40.000 американски долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...