Втор ден на светската религиска конференција во Охрид

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов денеска ќе се обрати на Втората светска конференцијата за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што се одржува во Охрид.

На вториот ден од меѓународниот собир обраќања ќе имаат и Бутрос Бутрос Гали, поранешен генерален секретар на ОН, кој сега е претседател на египетскиот Националниот совет за човекови права и Вилма Трајковска, сопруга на поранешниот претседател Борис Трајковски, на чија иницијатива започна одржувањето на меѓурелигискиот и меѓуцивилизациски форум.

На агендата се повеќе панел дискусии на теми „Почитување на верските права и разликите на културите - темел на мирот и просперитетот“ и „Како се впишува жената во религиските дискурси“.

Во попладневниот дел ќе се изврши избор на Меѓународен организационен комитет за Третата светска конференција, а ќе биде усвоена и завршна декларација со што официјално ќе се затвори форумот.

На Конференцијата присуствуваат околу 480 домашни и странски гости од повеќе од 30 земји од неколку континенти, истакнати политичари, научни и културни работници, видни експерти и универзитетски професори кои се занимаваат со прашања од областа на религијата и културата, претставници на меѓународни и на младински организации, како и претставници на невладиниот граѓански сектор.

На форумот има претставници на римокатоличката, муслиманската, евангелистичко-методистичката црква, Црквата на Исус Христос, будисти, претставници на Еврејската заедница, адвентисти, протестанти, како и високи црковни лица од Русија, Албанија, Ерменија, Индија, Либан, Ватикан, Израел, Швајцарија, Австрија, САД.

Конференцијата „Религијата и културата - нераскинлива врска меѓу народите“ се организира во рамките на Меѓународната година на Обединетите нации за зближување на културите. Настанот е во рамките на „Декадата за дијалог помеѓу цивилизациите“ и „Декадата за култура на мирот на ОН и УНЕСКО“ и претставува континуитет на дијалогот започнат во Охрид од 26 до 28 октомври 2007 година.

Организатор на Конференцијата е Министерството за култура во соработка со Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија. Настанот е поддржан од Владата на Република Македонија и од УНЕСКО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...