Неформална средба Груевски - Папандреу на маргините на самитот во Мадрид

Мадрид, 18 мај 2010 (МИА) - Премиерите на Македонија и на Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу денеска имаа неформална средба на маргините на самитот ЕУ-Латинска Америка во Мадрид на која разговарале за прашањето за името, за состојбата во двете земји – економската криза во Грција и проблемите со кои се соочува Македонија и дали тие би можеле да бидат пречка за решавање на билатералниот спор.

Како што информираат од кабинетот на премиерот, средбата била спонтана и срдечна. Двајцата премиери изразиле желба и волја прашањето да се реши што е можно побргу. Од двете страни била изразена посветеност на разговорите и отвореност и понатаму за директни средби и за заклучување на процесот преку ОН. Се разговарало и за перспективите на регионот и неопходноста од негова интеграција во ЕУ.

Шефовите на македонската и на грчката влада заедно со други високи гости на самитот, се сместени и во ист хотел -  „Мигел Анхел“  во шпанската престолнина.

Премиерот Груевски, јави известувачот на МИА, денеска и вчера на вечерата кај шпанското кралско семејство имал средба и со други високи претставници.

Од претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј тој побарал поддршка за интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Куси разговори на маргините на самитот имал и со премиерите на Естонија, Белгија, Малта, Турција, Хрватска, Хаити, Сент Винсент и Доминикана, со претседателите на Бугарија, Финска, Чешка и Кипар, со министрите за надворешни работи на Италија, Британија, Австрија, Шпанија, Бугарија и Белгија и со замениците на МНР на Словенија и Словачка.

Премиерот на Шпанија Хосе Луис Родригез Сапатеро претпладнето  ги пречека  и се ракуваше со сите 60-ина шефови на делегации кои учествуваат на шестиот самитот на земјите од Европската унија и од Латинска Америка и Карибите.

Република Македонија првпат учествува на овој биенален самит што го организира ЕУ, а Груевски е поканет лично од премиерот Сапатеро и од претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпуј.

Самитот се одржува на саемот Ифема во Мадрид и свечено го отворија Сапатеро, еврокомесарот Баросо и претседателката на Аргентина Кристина де Киршнер. Посветен е на технологијата и  иновациите и нивниот придонес во одржливиот развој и социјалната вклученост.

Учествуваат канцеларката на Германија Ангела Меркел, шефовите на француската и британската дипломатија Кушнер и Вилијам Хејг,  претседателите на Бразил и Боливија Лула да Силва и Ево Моралес...

Груевски попладне ќе има средба со премиерите на Хрватска и Турција Јадранка Косор и Реџеп Таип Ердоган на заедничкиот работен ручек што за земјите со кандидатски статус за членство во Унијата го организира Марија Тереза Фернандез де ла Вега, прв потпретседател на шпанската Влада. Тема на разговорите ќе биде европската перспектива на трите земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...