Не сум ниту поголем ниту помал оптимист од претходно

Мадрид, 18 мај 2010 (МИА) – Не би можел да кажам ни дека сум поголем, ниту помал оптимист отколку претходно, зашто проблемот е долгорочен и долго време го очекуваме неговото финале. Останувам со исчекување да дојде до решение на проблемот за името, изјави  за медиумите премиерот Никола Груевски, информирајќи за неговата средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу на маргините на самитот на ЕУ и Латинска Америка што се одржува во Мадрид.

Неформалната средба, јави известувачот на МИА, траела 15-20 минути за време на синоќешната вечера во кралската палата.

Шефот на македонската Владата подвлече дека неговиот грчки колега изразил волја и желба за што побрзо решение на спорот во рамки на процесот во кој посредува медијаторот на ОН Метју Нимиц, кое ќе биде прифатливо за двете страни.

- Се надевам дека зборовите ќе бидат преточени во дела, зашто едно е да се зборува, а друго е тоа да се изработи. Затоа, би бил возджан во однос на тоа,  рече Груевски.

Тие разговарале и за регионот и за потребата сите земји да станат членки на ЕУ што е можно побргу, како и за економската состојба на Грција. Рече дека од Папандреу слушнал детали за грчката криза и смирувачки информации дека главниот проблем е надминат и оти може да се очекува период на заздравување.

- Тоа е добро и за нас, зашто Грција е наш сосед, би рекол и веројатно најбогат, со многу инвестиции во Македонија и трговија со нас. Ние стравувавме колку тоа ќе влијае на нашата економија која во минатите години претрпе многу шокови, како глобалната криза, ценовниот шок на енергенсите и на храната, а и ова што се случи со Грција како наш сосед. Затоа е нормално да стравуваме од нови шокови. Папандреу изрази уверување дека се преземени сите мерки предложени од ММФ и ЕУ, така што се надевам  дека и таму работите ќе одат во подобар правец, рече македонскиот премиер. 

За економијата Груевски разговарал и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кого го запознал дека турска компанија ќе инвестира во 100 до 150 милиони евра за изградба на  неколку висококатници во Скопје. Ердоган имал високо мислење за инвеститорот и верува оти проектот успешно ќе заврши. Тој се интересирал и за другите турски инвестиции кои самиот пред неколку месеци ги  повикал  да вложуваат  во Македонија за време на  македонскиот бизнис-фрорум во Истанбул. 

Со Ердоган и со премиерката на Хрватска Јадранка Косор, Груевски денеска имаше и работен ручек организиран од вицепремиерката на Шпанија Марија Тереза Фернандез де ла Вега, на која разговарале за перспективата на трите земји за влез во Европската унија.

Евроинтеграциска поддршка Груевски побарал и од претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.

- Тој е во исчекување на одредено решение на спорот со Грција, дека посакува тоа што побрзо да го надминеме и да почне постапката за преговори и за полноправно членство на Македонија во Унијата. Сфаќа дека Грција во овој момент е во исклучително тешка  ситуација и во финансиска криза, но се надева дека ќе се најде начин за надминување на проблемот. Од негова страна има позитивен однос кон Македонија, но главниот проблем е во блокадата од Грција, додаде Груевски.

Финансиските проблеми и потребата и можностите за справување со нив се најчести теми во дискусиите на шефовите на влади или држави кои учествуваат на шестиот самит на земјите од ЕУ и Латинска Америка во Мадрид.

Република Македонија првпат учествува на овој биенален самит што го организира ЕУ, а Груевски е поканет лично од премиерот на Шпанија Хосе Луис Родригез  и од  претседателот на Европскиот совет Ван Ромпуј.  Поканата премиерот Груевски ја искористи како можност за куси средби со дваесетина шефови на држави или влади, министри за надворешни работи или нивни заменици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...