Хашкиот трибунал ќе ги соопшти конечните пресуди за Тарчуловски и Бошкоски

Скопје, 19 мај 2010 (МИА) - Хашкиот трибунал денеска треба да ги соопшти одлуките по жалбите на одбраната на Јохан Тарчуловски за 12-годишната затворска казна и на обвинителството за ослободителната пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкoски за случајот „Љуботен“.

Седницата на жалбениот судски совет е закажана во 9:30 часот во судницата 1 на Трибуналот во Хаг. Пресудите по жалбите ќе бидат конечни.

Одбраната на Тарчуловски на последната јавна седница во Хашкиот трибунал образложувајќи ја поднесената жалба за изречената затворска казна, побара тој да биде ослободен од сите обвиненија, бидејќи не е одговорен за полициската акција во Љуботен, зашто таа била легитимна и според меѓународното право не може да се смета за воено злосторство. Љуботен, според одбраната, е случај без директен доказ за извршено воено злосторство, кој има локален карактер и треба да се процесуира во Македонија.

Обвинителството, пак, остана на тврдењето дека акцијата во Љуботен била нелегитимна и преземена како одмазда за претходното убиството на десет припадници на безбедносните сили.

Тарчуловски и Бошкоски беа единствените македонски државјани кои беа процесирани во Судот во Хаг за случувањата за време на конфликтот во Македонија во 2001 година.

Судскиот совет на 12 јули 2008 го ослободи Бошкоски од обвиненијата за извршените злосторства во скопското село Љуботен, а Тарчуловски го осуди на казна затвор од 12 години. Јохан Тарчуловски е во затворот во Шевенинген од 16 март 2005 година кога по барање на Хашкиот трибунал беше екстрадиран од Македонија во Холандија.

На објавувањето на пресудата по жалбата на Тарчуловски ќе присуствуваат повеќе од 130 негови пријатели, поддржувачи, градоначалници, пратеници, меѓу кои и 30 новинари од Македонија, кои со чартер лет обезбеден од Здружението за поддршка на Јохан, рано изутрината од Скопје заминаа за Хаг. 

- Искрено се надеваме дека за два дена Јохан ќе биде овде меѓу нас. Борбата за негова слобода е праведна и затоа очекуваме ослободителна пресуда. Веруваме дека Хашкиот трибунал ќе ја донесе единствено исправната одлука, која ќе значи целосно укинување на затворската казна, изјави вчера Алексанадар Колевски од Здружението за поддршка на Тарчуловски. 

Во црквата „Свети Никола“ во Љубанци, родното место на Тарчуловски, изутринава ќе биде одржана молитвена литургија, на која неговите пријатели и роднини ќе се помолат за негово конечно ослободување.

Јохан Тарчуловски е во затворот во Шевенинген од 16 март 2005 година кога по барање на Хашкиот трибунал беше екстрадиран од Македонија во Холандија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...