Хашкиот трибунал ги потврди пресудите за Тарчуловски и Бошковски

Хаг, 19 мај 2010 (МИА) - Жалбениот совет на Хашкиот трибунал денеска ги отфрли жалбите на одбраната на Јохан Тарчуловски за 12-годишната затворска казна и на Обвинителството за ослободителната пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски за случајот „Љуботен“.

Со овие одлуки на Судот, кои се конечни, се потврдуваат пресудите од 12 јули 2008 година со кои Бошковски беше ослободен од сите обвиненија за извршени злосторства во скопското село Љуботен, а Тарчуловски доби казна затвор од 12 години.

Жалбениот совет не ги прифати аргументите на одбраната на Тарчуловски дека тој не е одговорен за полициската акција во Љуботен, зашто таа била легитимна и според меѓународното право не може да се смета за воено злосторство. Љуботен, според одбраната, е случај без директен доказ за извршено воено злосторство, кој има локален карактер и треба да се процесуира во Македонија.

Тарчуловски и Бошкоски беа единствените македонски државјани кои беа процесирани во Судот во Хаг за случувањата за време на конфликтот во Македонија во 2001 година.

По денешната судска одлука Тарчуловски останува во затворот во Шевенинген, каде е од од 16 март 2005 година кога по барање на Хашкиот трибунал беше екстрадиран од Македонија во Холандија.

Тој ќе остане во Шевенинген се додека не заврши процедурата за негово префрлување во земја во која ќе продолжи да ја отслужува затворската казна.

На објавувањето на пресудата по жалбата на Тарчуловски присуствува повеќе од 130 негови пријатели, поддржувачи, градоначалници, пратеници, меѓу кои и 30 новинари од Македонија, кои со чартер лет обезбеден од Здружението за поддршка на Јохан, рано изутрината од Скопје заминаа за Хаг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...