Се надеваме на брзо решение на спорот за името

Скопје, 7 јуни 2010 (МИА) - Се надеваме дека Македонија и Грција ќе најдат решение за спорот за името во брзо време, изјави денеска амбасадорот на САД во Република Македонија Филип Рикер по средбата со народниот правобранител Иџет Мемети.

- Нашите ставови, надежи и цели во однос на Македонија се многу јасни. Уште од почетокот на годината многупати сум го кажал ова и сметам дека нашиот став е добро познат, а го потврди и заменикот државен секретар, Филип Гордон во текот на посетата на Македонија минатиот месец. Нашата цел е тоа решение да се најде во брзо време, рече амбасадорот Рикер. 

Тој смета дека решението е можно, додавајќи дека не треба да се создава нешто повеќе од проблемот што веќе постои.

- Со цел да се движат кон поубава иднина, двете земји можат да изнајдат решение, но тоа сепак зависи од нив, посочи американскиот амбасадор Рикер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...