Приведени шверцерите на артефакти пред истражен судија

Скопје, 25 јуни 2010 (МИА) -  Приведените за шверц на артефакти и археолошки предмети во вчерашната полициска акција „Фаланга“, по распитот извршен ноќеска во полициски станици, денеска се пред истражен судија.

МВР соопшти дека заради обезбедување материјални докази, врз основа на претходно изготвен план, извршени се 58 претреси во домови и други простории во сопственост на 51 осомничено лице, како и прегледи во повеќе возила кои ги користат осомничените.

- Од пријавените 29 лица, едно лице е недостапно, едно лице е на болничко лекување, едно лице е во поодмината старост со нарушена здравствена состојба, а 26 лица се приведени и задржани и денеска се изведени пред надлежен истражен Судија во Основен суд Скопје 1-Скопје, се вели во соопштението од МВР.

Заради откривање, документирање и докажување на кривичните дела кои ги вршат членовите на организираната криминална група, воспоставена е Криминалистичка истрага и од октомври 2009 година отпочнато е со примена на посебни истражни мерки при што утврден е идентитетот на повеќе од 50 лица инволвирани во криминални активности насочени против културното наследство на Македонија, улогата која ја имале при вршењето на кривичните дела, начинот на извршување на истите, како и начинот на нудење на продажба на археолошките предмети на купувачи од и надвор од Македонија со цел стекнување на противправна имотна корист.

Во соопштението стои дека се документирани повеќе случаи на нудење на продажба, продажба, прикривање на предмети, илегално откопување и илегално изнесување на предмети со археолошка вредност надвор од границите на Македонија.

При извршените претреси, пронајдени се голем број на археолошки и етнолошки предмети и тоа: над 3.000 монети кои потекнуваат од различни историски периоди, повеќе од 20 различни фигури со различна големина изработени од камен, бронза, бакар и мермер, голем број на керамички, бакарни и месингани садови, над 160 парчиња разновиден накит (нараквици, прстени, приврзоци, медалјони), над 300 метални, камени и керамички делови од предмети, метални секири, повеќе мермерни постаменти и плочи, метални копја, повеќе од 10 икони и други предмети. Исто така, при претресите пронајдени и одземени се стари пиштоли и сабји, околу 20 метал - детектори, 14 сонди и други направи (ноќни визири, дупчалки и др) кои ги користат членовите на групата за вршење на илегално ископување на археолошки предмети на евидентирани археолошки локалитети на територијата на Македонија, потоа поголем број на карти, мапи, фотографии на кои се прикажани разни монети, икони и други археолошки предмети, кои ги користеле за нудење на продажба на предметите. Кај некои од членовите на групата пронајдени се оружје муниција и една рачна бомба.

Врз основа на докази обезбедени од примената на посебните истражни мерки и материјалните докази обезбедени при извршените претреси, од страна на ООК до Одделението за гонење на организиран криминал и корупција при ЈО на РМ, денеска е поднесена кривична пријава против 29 членови на организираната криминална група и тоа:Б.Л.(44) од Скопје, М.Г.(43) од с.Марвинци - Валандово, Д.М.(51) од Неготино, Н.Д.(32) од Неготино, Т.К.(37) од Скопје, Ј.Н.(29) од Прилеп, С.М.(58) од Прилеп, З.С.(55) од Скопје, Ж.Р.(43) од Прилеп, Д.Т.(59) од Прилеп, В.Б.(44) од Скопје, Г.Ѓ.(47) од Прилеп, Б.Ј.(49) од Скопје, С.А.(34) од Неготино, Н.Е.(26) од Прилеп, Ц.Г.(36) од Прилеп, Ц.Ж.(52) од Прилеп, М.П.(56) од Прилеп, Џ.О.(28) од с.Дедели-Валандово, М.Ј.(33) од с.Ѓопчели-Дојран, Б.З.(41) од с.Грчиште-Валандово, З.Ќ.(84) од Неготино, А.Ј.(57) од Демир Капија, В.И.(36) од Кочани, К.М.(55) од Штип, С.А.(52) од Кичево, Б.Д.(36) од Велес, О.С.(38) од Штип и Т.И.(75) од Скопје. Членовите на организираната криминална група се пријавени поради постоење на основано соменение дека истите ги сториле  следните  кривични дела: „Злосторничко здружување“, „Тешка Кражба“, „Оштетување или уништување културно наследство“, „Присвојување на културно наследство“ и „Изнесување во странство на културно наследство“. Исто така полициските службеници Г.Ѓ. и Б.Ј. пријавени се и за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во период од 2009 на територијата на Македонија, пријавените М.Г., Б.Л., Д.М. и Г.Ѓ. создале група при што Д.М. раководел со делот од групата која дејствувала на регионот - Неготино, Г.Ѓ. раководел со делот од групата која дејствувала на регионот - Прилеп, Б.Л. раководел со делот од групата која дејствувала на регионот - Скопје, а М.Г. раководел со делот од групата која дејствувала на регионот - Валандово и Гевгелија. Членови на групите станале: Н.Д., Т.К., Ј.Н., С.М., З.С., Ж.Р., В.Б., Б.Ј., А.С., Е.Н., Г.Ц., П.М., Џ.О., М.Ј., З.Б., К.З., А.Ј., И.В., М.К., С.А., Б.Д. и С.О.. Групата била организирана и делувала како функционална целина со структурирана поделба на групи по региони на градови, кои дејствувале посебно или заедно со точно определени  дејствија и задачи на секој припадник со цел илегални ископувања од евидентирани археолошки локалитети кои припаѓале на нивните региони. При тоа, оштетувајќи и уништувајќи ги ископините кои се делови од целини на евидентираните локалитети, присвојувале ископини-предмети што преставуваат културно наследство, а за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело, со намера за нивно противправно присвојување, па иако прометот со археолошки предмети е забранет, ги продавале во Македонија, ги  изнесувале  во странство, со што трајно го оттуѓиле културното наследство од особено значење во државна сопственост, а во остварување на овие цели и помогнати од обвинетите Г.Ѓ. и Б.Ј., кои како овластени службени лица, ја искористиле својата службена положба и  овластување со што овозможиле непречено движење на археолошките предмети од една локација до друга, со нивно превезување, односно обезбедување на превозот со што нанеле штета на Р.Македонија од непроценлива материјална  вредност. Додека, пријавениот И.Т., од Скопје, присвојувал археолошки предмети, кои членовите на групата му ги продавале како на познат љубител и колекционер.

Членовите на организираната криминална група археолошките предмети ги пронаоѓале и ископувале на евидентирани археолошки локалитети на подрачјето на Валандово, Неготино, Прилеп, Штип, Скопје, Велес, Кичево,  Демир Капија и Дојран како и други градови во РМ со користење на разни мапи, карти и употреба на детектори, сонди и други технички помагала при што, поради нестручното ископување на археолошките предмети трајно оштетиле и отуѓиле културното наследство од особено значење во државна сопственост. Предметите кои членовите на организираната криминална група ги присвоиле на различни начини (со пронаоѓање, ископување или  купување на истите и сл.) ги нуделе на продажба на заинтересирани купувачи со: директно покажување на предметите или преку фотографии, како и снимени на ЦД, мобилни телефони или УСБ. При претресите во домовите кај сите пријавени лица пронајдени се предмети за кои се претпоставува дека имаат археолошка и етнолошка вредност од различни историски периоди како и детектори, сонди и други технички помагала за пронаоѓање и ископување на археолошки предмети, фотографии на кои се прикажани различни предмети и монети кои пријавените ги користеле при нудење на истите на продажба и слично.

Како покарактеристични случаи на недозволено ископување и продажба на археолошки предмети од страна на организираната криминална група може да се наведат нудење на продажба на железна машка фигура-ТОРЗО која во периодот од Октомври до Декември 2009 година на заинтересирани купувачи од Р.Македонија, Грција и Германија за цена од 50-60 илјади евра од страна на пријавените Б.Л., М.Г. и Ј.Н. (од кој при претрес истата е одземена) и Г.Ѓ.(полициски службеник во ПС Прилеп). Предметот на подрачјето на Скопје бил чуван кај пријавениот Д.Т., а истиот со сопствено возило од Скопје за Прилеп бил транспортиран од страна на пријавениот Б.Ј.(полициски службеник во СВР Скопје).

Потоа нудење на продажба на девет сребрени монети-сестерци, кралски печат по цена од 3.000 евра, сребрена човечка фигура по цена од 3.500 евра и мала бронзена човечка глава по цена од 2.000 евра од страна на Н.Д. на заинтересиран купувач при што на истиот за 23.000 денари му бил продаден археолошки предмет - бронзена глава која претходно била кај пријавениот Л.Б..

Во декември 2009 година пријавениот Д.М., во својот дом заедно со пријавениот Н.Д., на заинтересиран купувач на ЦД му презентирале и нуделе на продажба археолошки предмети со потекло од Турција и Египет. Исто така пријавените на заинтересираниот купувач му покажале и понудиле на продажба предмети илегално ископани од евидентирани археолошки локалитети во Р. Македонија и присвоени од групата и тоа: Бокле-бокал грнчарија, бронзена фигура од човек Хермес-бог на трговците, со висина од 12 см. и оловна тока, двете за 2.000 евра, диск -претстава на Сонце, печати со непознат релјеф, бронзена чаша со изгравиран човечки лик, фотографија од златна круна и мермерна глава.

Во текот на декември пријавениот М.Г. вршел нелегални ископувања на евидентираниот археолошки локалитет Исар Марвинци над селото Марвинци–Валандовско, на една од пајонските некрополи при тоа оштетувајки ја истата, откопал и противправно присвоил археолошки предмети со непроценлива вредност и тоа: бронзени фибули–вид на украсен накит и бронзен коњ во висина од 12 цм. Истите веднаш ги понудил на продажба за 60.000 евра на српски државјанин, но откако не успеал да ја постигне саканата цена, му го дал археолошкиот предмет на пријавениот Н.Д. со цел да пронаоѓа купувачи. Исто така, пријавените, бронзениот коњ за цена од 6000 евра го понудиле за продажба заедно со уште еден златен медаљон за цена од 8.000 евра, како и бронзена фигура-римски војник со цена од 3.000 евра, бронзена фигура со претстава на дете, амор со вредност од 600 евра, фигура во форма на крст од едната страна во форма на жена, а од друга во форма на дете со цена од 800 евра и круна по цена од 100 евра.

Од СВР Битола-ПС Прилеп, СВР Штип, СВР Велес и СВР Струмица-ПС Валандово врз основа на пронајдени докази (предмети) при извршените претреси до надлежните ОЈО ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против вкупно пет лица.  

Од првичниот увид извршен од страна на стручни лица на пронајдените и одземени предмети при извршените претреси, може да се констатира дека се работи за вреден археолошки и етнолошки материјал со првично одредени хронолошки рамки дека археолошките предмети потекнуваат од периодот од VIII пред н.е до XII век, а етнолошките предмети потекнуваат од  XVII до  XIX век.

Сите пронајдени и одземени предмети со археолошка и етнолошка вредност ќе бидат предадени на вештачење и стручна проценка на овластени лица од Управата за заштита на културното наследство заради утврдување на нивната вистинска вредност: период од кој потекнуваат, подрачје од кое потекнуваат и слично.

Од МВР посочуваат дека при претресите одземени се поголема количина на компјутери, фотоапарати, мобилни телефони кои ќе бидат доставени на вештачење до ОКТ на МВР заради пронаоѓање на докази кои можат да послужат за водење на кривичната постапка, при што доколку бидат пронајдени соодветни докази од ООК и подрачните СВР и ПС ќе бидат поднесени кривични пријави и против други инволвирани лица од кои истите се одземени. Полицијата ќе продолжи со истрагата со цел преку земјите членки на ИНТЕРПОЛ да се утврди каде дел од предметите биле продавани или биле предмет на недозволена трговија со културни добра. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...