Митингот го означува стартот на барањето на СДСМ за предвремени избори

Скопје, 25 јуни 2010 (МИА) - Со митингот што ќе се одржи в недела пред Владата ќе биде означен стартот на барањето на СДСМ за предвремени избори по ноември, изјави денеска портпаролот на партијата Емилијан Станковиќ.

- Митингот е против економското осиромашување, газењето на демократијата и загрозувањето на човековите права, слободата на медиумите и невладиниот сектор, уништување на стопанството и против колапсот во јавното здравство, рече Станковиќ.

Најави дека в недела треба да пристигнат речиси 500 автобуси и 150 комбиња за превоз на граѓаните надвор од Скопје и оти интересот за присуство на митингот ги надминал нивните почетни очекувања.

Што се однесува до сценариото, засега сигурно е обраќањето на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, а се очекува да се обрати и уште еден претставник од опозицискиот фронт.

- Добивме одобрение и согласности за сите наши активности од сите вклучени страни. Досега нема закани од никој, но поради безбедност, освен државните структури, изнајмивме професионална агенција за обезбедување, а имаме и сопствена редарска служба, рече Станковиќ.

Партискиот портпарол ги демантираше гласините дека градоначалниците на СДСМ им се закануваат на своите вработени да присуствуваат на митингот в недела.  

Станковиќ од името на партијата им се извини на сите граѓани, бидејќи в недела во текот на целиот ден сообраќајот на улиците пред Владата ќе биде затворен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...