Скопје, 2 јули 2010 (МИА) - По завршувањето на собраниската седница на која се дебатираше за Предлог-законот за стечајните работници, синоќа околу 21 часот се случил инцидент во кој пратеници од редовите на СДСМ со туркање, притискање и влечење нападнале полициски службеник од Собранието.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска оствари средба со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на која било дискутирано за настанатиот инцидент.
Се очекува денеска министерката Јанкулоска да излезе со детали за овој инцидент.