Анкетна комисија за расчистување на инцидентот во Собранието

Скопје, 5 јули 2010 (МИА) - Пратеничката група на СДСМ, поддржана од пратениците од НСДП, ЛП и Нова алтернатива денеска побара претседателот на Собранието Трајко Вељаноски веднаш да формира анкетна комисија за расчистување на собранискиот инцидент, политичката одговорност и прекршувањето на членот 43 од Законот за Собранието.
 
- Очекуваме претседателот Вељаноски да се надмине себе си и веднаш да ги преземе сите чекори и да формира ваква анкетна комисија и да ја стави на пленарна седница, изјави координаторката на пратеничката група на СДСМ Цветанка Иванова.
 
Иванова бара структурата на анкетната комисија да биде на паритетна основа и таа да има независен претседател. Тврди дека денеска немале средба со спикерот Вељаноски и оти јавно го повикуваат да формира анкетна комисија.
 
Предлог за основање анкетна комисија можат да поднесат најмалку 20 пратеници. Собранието основа постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Наодите на анкетните комисии се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции.
 
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска пред неколку дена соопшти дека во инцидентот е прекршен законот за внатрешни работи.
 
Иванова е децидна дека тие бараат одговорност според Законот за Собрание. Доколку се утврди прекршување на овој Закон, тогаш е прекршен и Законот за внатрешни работи, изјави Иванова, одговарајќи на новинарско прашање.   
 
Координаторката на пратеничката група на СДСМ не одговори дали таа лично ќе сносни политичка одговорност бидејќи е една од инволвираните во инцидентот во Собранието.
 
- Многу сум разочарана. Дефинитивно се покажа дека ова е полициска држава. Ако мене како пратеник и координатор на пратеничка група може ова да ми се случи тогаш се прашувам што се им се случува на граѓаните на Република Македонија, изјави Иванова. Ние, додаде таа, немаме целосни снимки бидејќи немаме механизми и се е во рацете на МВР и ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците од СДСМ, според неа, барале од полицискиот служебник да се легитимира бидејќи не знаеле кој ги снима. 
 
Иванов информира дека лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски утре во Стразбур ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и оти средбата била закажана уште пред три недели. - Оттаму клучното прашање е дали и со кој висок претставник на ЕК ќе се сретне Груевски утре во Брисел, праша координаторката на пратеничката група на СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...