Без договор за формирање анкетна комисија

Скопје, 6 јули 2010 (МИА) - Не е постигнат договор за формирање анкетна комисија на денешната координација на пратеничките групи во Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски за надминување на ситуацијата настаната по инцидентот во Парламентот на 1 јули.

СДСМ која предложи да се формира анкетна комисија инсистира таа да се фокусира на расчистување на инцидентот и на утврдување политичка одговорност за прекршување на членот 43 од Законот за Собранието и испитување на сите околности поврзани со него. ВМРО-ДПМНЕ, пак, бара анкетната комисија да има целосен мандат за расчистување не само на последиците туку и за утврдување одговорност на предизвикувачите, при тоа тој да не се ограничува како што предлага СДСМ. Поширок мандат за анкетната комисија бара и ДУИ.

Јани Макрадули од СДСМ и потпретседател на Собранието по координативната средба оцени дека заложбите на ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Вељаноски за расчистување на инцидентот биле декларативни, и оти тие ги ставила партиските над државните интереси со тоа што, не се оградиле од, како што вели, „недоличното писмо од Јанкуловска до Вељаноски, ниту го заштитиле Собранието од партиско-владиниот пуч“.

- Денеска не се донесе одлука во интерес на ова Собрание и Република Македонија, туку мнозинството донесе одлука да се прикрие вистината. Денеска ВМРО-ДПМНЕ не успеа да стави камче во градењето на политички дијалог, од едноставна причина, да се сокрие вистината и да не се дебатира кој го прекршил членот 43 од Законот за Собрание, рече Макрадули.

СДСМ смета, додаде Макрадули оти нема позначајно од тоа, анкетната комисија да утврди кој го прекршил Законот за Собрание, и ги повика ВМРО-ДПМНЕ и Вељаноски „во следните 24 часа да размислат и да направат чекор што ќе ја поправи сликата за Македонија во ЕУ“.

Според заменик-координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Китановски, со предлогот на СДСМ се наложува комисијата да делува по конкретен член од конкретен закон што, вели, досега не било случај во историјата на формирање анкетни комисии.

- Со предлогот на СДСМ се ограничува делувањето и самостојноста на анкетната комисија, рече Китановски, посочувајќи оти остануваат на ставот за формирање на таква комисија преку разговор и во договор со колегите од СДСМ со оглед дека, како што истакна, ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не учествувал во инцидентот.

Барањето на опозицијата претседателот на Собранието  Вељаноски да се огради од вчера испратеното пропратно писмо до Парламентот од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за Китановски е бесмислено.

- Не можете да се оградите од нечиј допис или став. Тоа може да го направи само тој што го издал. Тоа е бесмислено и класична замена на тези, а не е работа на Собранието да се оградува од пропратни писма што ги добива секојдневно нејзиниот претседател, појасни заменик-координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Китановски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ останува отворена за формирање комисија која ќе го испита целиот случај и ќе ја лоцира политичката одговорност на оние што го предизвикале.

Сафет Незири од ДУИ, подвлече дека партијата смета оти анкетната комисија треба да има поголема автономија и да нема ограничувања во нејзиното работење во врска со инцидентот што се случи во Парламентот. ДУИ, додаде, бара поголема автономија на анкетната комисија, а не да се задржи работењето на комисијата согласно член 43 од Законот за Собрание на РМ.

Пратеничката група на НСДП, рече Горан Мисовски, жали што претседателот на Собранието и ВМРО-ДПМНЕ не се оградија од писмото на министерката Јанкулоска упатено до Вељаноски со кое, вели, однапред надвор од уставните надлежности и законските прописи се осудуваат пратениците и се повикува на нивен јавен линч.

- Претседателот на Собранието на РМ и ВМРО-ДПМНЕ го одбија предлогот за формирање анкетна комисија  предложен од опозицијата со што пратија јасна порака дека целиот инцидент бил режиран во врвот на ВРМО-ДПМНЕ, а реализиран од страна на полицијата, изјави по денешната координација Мисовски.

Тој смета дека Македонија не може да чекори на патот кон евроатлантските интеграции кога од најодговорните луѓе кои ја водат државата се кршат Уставот и законите.

На координацијата, покрај Вељаноски присуствуваа и потпретседателите на Собранието Светлана Јакимовска и Рафиз Алити, како и Цветанка Иванова од СДСМ.

Инцидентот се случи на 1 јули по седницата на која се расправаше за Предлог законот за стечајците поднесен од група пратеници од опозицијата. Министерството за внатрешни работи вчера документира пријава за пратениците кои учествуваа во инцидентот. Целокупниот доказен материјал е доставен и до претседателот на Собранието Трајко Вељановски заедно со пропратното писмо во кое МВР посочува на одговорните за инцидентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...