Почина Делчо Михајлов, доајен на карикатурата во Македонија

Скопје, 16 јули 2010 (МИА) - На 63 години по тешко боледување денеска во Скопје почина Делчо Михајлов, доајен на  македонската карикатура, на анимираниот филм, илустрации и голем афирматор на македонската култура во светот.

 Михајлов е роден во Скопје во 1947 година каде и дипломира на Архитектонскиот  факултет во 1974 година. Својата прва карикатура, како еден од најспецифичните уметнички жанрови, ја објавил на 14 години, а од 1963-та почнал редовно да објавува карикатури во земјата и во странство. Учествувал на бројни конкурси, изложби и фестивали низ светот и е добитник на бројни награди. Учествувал на над  220 групни изложби, а имал и околу десетина самостојни изложби. Изложувал во Париз, Монтреал, Токио, Рим, Рио де Жанеиро, Франкфурт, Техеран, Брисел...

Автор е и на повеќе книги карикатури. Во 1977 година го создал својот прв анимиран филм како комплетен автор, а по него следуваа уште шест цртани филмови за продуцентот „Вардар филм" кои се прикажани во официјална конкуренција на многу фестивали. Од 1995 до 2000 година Михајлов беше директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки" во Битола.

Добитник е и на највисокото државно признание „11 Октомври" за 30 години творештво во областа на карикатурата и на наградата „13 Ноември" на Град Скопје и на „Феникс" на општина Центар.

Изложбата на карикатури  „Хани-бал-кан портас“, која во ноември минатата година беше отворена во Брисел, беше една од неговите последни иницијативи да се прикаже размислувањето на уметниците за влез во две значајни институции ЕУ и НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...