Затворен случајот за пожарот во Бигорскиот манастир

Гостивар, 22 јули 2010 (МИА) - По десет месеци предистражни дејствија, Основното Јавно обвинителство нема да покрене обвинение за пожарот во Бигорскиот манастир. Со донесувањето на резолуција, случајот е затворен.

- По добиените вештачења и експертизи од вешти лица утврдено е дека огнот се појавил во потпокривот на манастирската кујна. Како причина се смета краток спој на проводници на електричната инсталација која е поставена во 1994 година. Најверојатно искрењето од краткиот спој го предизвика и потпалувањето на дрвената конструкција, изјави Елизабета Јосифоска обвинител во Основното јавно обвинителство - Гостивар, која работеше на предметот.

Според Јосифоска, донесена е резолуција со која нема да биде покренато обвинение и дека пожарот е сплет на повеќе околности, а најмногу придонел високиот степен на, како што кажа, пожарно оптоварување.

Обвинителката подвлече, дека со затварањето на предметот,  отфрлени се сите шпекулации за подметнување и наводни мотиви за предизвикување на пожарот.

Пожарот во манастирот „Св. Јован Бигорски“ избувна на 30 септември 2009, при што  изгоре горниот палат во кој имаше кујна, трпезарии, библиотека и живеалишта на монасите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...