Не би оделе на прекин на преговорите со Грција за името

Скопје, 5 август 2010 (МИА) - Владата нема да ги прекине преговорите со Грција за името, како што сугерира дијаспората. Ова го изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен темелник на две тениски игралишта во општина Карпош.

- Не би рекол дека би оделе на прекин, но сме многу внимателни во тие разговори, истакна премиерот Груевски.

Тој информира дека Владата подготвува нов пакет реформи во државната администрација, од аспект на модернизација, но и на стручност. Секој потенцијален кандидат за вработување, посочи премиерот, ќе треба да помине тестови со кои ќе се оценуваат капацитетот на личноста, знаењето, интегритетот и сите други перформанси важни за државен службеник кој по постигнување одредено ниво, носи одлуки од кои многу зависи и животот на граѓаните.

- Се размислува за воведување дополнителни тестови кои ќе прават уште подобра селекција при влегувањето во државната администрација за да се елиминира можноста да влезат неквалитетни кадри независно од етничката припадност. Нивното унапредување ќе биде според построги критериуми од досегашните, но тоа го оставаме за есенскиот дел кога го очекуваме извештајот на „Сигма“ до ЕУ после кој Унијата ги зема оние работи што смета дека треба и ги препраќа кај нас со препорака да бидат усвоени, рече Груевски.

Владата, потенцира, интензивно работи и се труди да заврши колку што може повеќе од она што ја очекува по добивањето датум за почетокот на преговорите.

- Се работи на детектирање добри поединци кои би влегле во преговарачкиот тим и на евентуално селектирање главен преговарач кој би дошол во моментот кога би ги почнале преговорите. Исто така и во делот на законодавството, но и на други активности што треба да ги направи Владата, се трудиме колку што е можно порано да ги направиме за да не ни се соберат многу работи кога ќе почнат преговорите. Фокусирани сме на тоа со оглед дека сега поради други прашања, односно прашањето со името и блокадата од Грција, ни се одложени преговорите,.

Според него, не може се да се сработи зашто има некои процеси кои не можат да се прескокнат, но еден значаен дел може и тоа Владата го прави сега.

Премиерот Груевски информира дека од предвидените околу 100 законски решенија согласно ЕУ легислативата, Владата годинава изготви приближно 60. Во Собранието, како што рече, се веќе прифатени 50-тина, а останатите 10 се очекува да бидат усвоени до крајот на овој месец.

- Тоа е најголем процент досега извршен во овој дел од годината. Најчесто голем процент од законите се носеле во септември/октомври, а помал во првите шест, седум месеци. Овој пат, годинава, имаме добра динамика, и процентот што сега е постигнат од околу 60 отсто, е најголем што сме го направиле досега како Влада и воопшто што го направила која било друга влада во минатото, истакна Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...