Македонија подготвува тимови за брз почеток на преговорите со ЕУ

Скопје, 7 август 2010 (МИА) - Македонија подготвува тимови кои ќе бидат целосно способни веднаш да започнат преговори со ЕУ штом биде надминат спорот со името. За таа цел се ангажирани околу 850 лица вработени во јавната администрација во различни области кои учат од искуствата на Хрватска која е во фаза на преговори со Унијата, а се консултираат и со Словенија и со други земји, изјави во Скопје премиерот Никола Груевски.

- На некој начин овие лица како тимови се задолжени да подготвуваат и посебна стратегија во делот на преговорите така што вршиме одредени подготовки за оној момент кога ќе се надмине спорот да бидеме подготвени за брз почеток на преговорите. Значи да не почнува тогаш од нула да формираме тимови, тогаш да ги обучуваме, тогаш да почнат да разговараат со други држави како тие поминале туку тоа да го прават сега и оној момент кога ќе дојде до добивање датум за почеток на преговори да имаме целосно подготвени тимови, само да се каже кој ќе биде шефот на преговарачкиот тим односно главниот преговарач и да се тргне во преговори, рече Груевски по пуштањето во употреба на локалниот пат Љубанци-Љуботен на Скопска Црна Гора.

Тој додаде дека доколку се укаже потреба можно е да бидат ангажирани и одредени странски консултанти во преговорите со цел побргу да се остварат зацртаните цели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...