Блиц: Србинот обвинет за убиството на Дејан Новаковиќ во Охрид е член на криминалната група „Пинк Пантер“

Охрид, 31 август 2010 (МИА) - Драган Ѓорѓевиќ (29) од Лесковац, по кого трага македонската полиција по бегството од Охрид каде беше дел од групата која доби кривични пријави за свирепото убиство на 34- годишниот белграѓанец Дејан Новаковиќ, е член на криминалната група „Пинк Пантер“ која во светот е позната по грабежи на златари, тврди српскиот весник „Блиц“.

Според весникот, пред три години Ѓорѓевиќ е уапсен во Холандија заради сомнеж дека е член на групата која во април 2007 од златарата „Граф“ во трговскиот центар „Вафи“ во Дубаи го ограбила накитот вреден повеќе од единаесет милиони евра.

По Ѓорѓевиќ вчера беше распишана и меѓународна потерница, а во истражниот затвор „Скопје“ се сместени седуммината македонски граѓани обвинети за убиството на Новаковиќ. Поднесена им е кривична пријава за убиство, со изречена мерка 30 дневен притвор.

Дејан Новаковиќ рано изутрина во петокот го загуби животот во тепачка што започна пред локалот „Хавана“ во Охрид, а трагично заврши пред објектот на поштата во центарот на градот.

Во тепачката учествувал и 34-годишниот сопственик на локалот Митре Костовски кој инаку бил пријател на Драган Ѓорѓевиќ со кого се запознале во Холандија. Костовски и се придружил на многубројната група на Ѓорѓевиќ која го тепала Новаковиќ со цел да му помогне на својот пријател. По убиството Ѓорѓевиќ веднаш отрчал во хотелот си ги зел работите и избегал од Охрид. Се верува дека избегал надвор од Македонија



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца рибари ловат риби од чамец под некој мост. Во еден момент едниот од нив погледнува накај мостот и забележува погребна поворка како поминува по него. Рибаров станува, ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1789.- Граѓаните на Париз го освоија злогласниот...
1817.- Во Париз умре Мадам де Стал, француска...
1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од...
1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на...