Се чека на официјално известување од Интерпол

Скопје, 6 септември 2010 (МИА) - Македонија која има распишано меѓународна потерница по Лирим Јакупи-Нацист  ќе побара негова екстрадиција веднаш штом добие официјална информација од Интерпол за тоа каде точно се наоѓа. Откако ќе пристигне известувањето Министерството за правда ќе почне со постапките за упатување барање за екстрадиција, со потребната документација за извршени кривични дела.

Од Министерството за правда посочуваат дека според процедурата мора да се лоцира земјата каде е лицето, по што до надлежните власти се упатува барањето за екстрадиција. Иако Скопје и Приштина немаат потпишано договор за екстрадиција, постои можност тој да им биде предаден на македонските власти врз основа на меѓународни конвенции.

- Конкретно за Приштина, досега не постоело никаков проблем околу екстрадиција на лица кои сме ги барале. Екстрадицијата досега се вршела редовно и нормално без никакви компликации. Досега имало и други случаи. Дали тие ќе го предадат тоа е нивна одлука, важно е ние упатиме барање, изјави за МИА Мирјана Илиева портпарол на Министерството за правда. Интерпол во најбрз можен рок, од еден до три дена, испраќа известување, по што како итна постапка се упатува барањето до соодветните власти.

Македонските и косовските полициски сили се во постојан контакт откако вчера во центарот на Приштина беше уапсен Лирим Јакупи - Нацист (31), еден од најопасните криминалци и екстремисти на Балканот, осудуван за убиства, терористички напади и киднапирања во Косово, во Македонија и во Србија.

Се уште нема информации дали Јакупи, кој се наоѓа во 48-часовен полициски притвор, ќе биде екстрадиран во Македонија или во Србија со оглед на фактот дека и во Косово и во Македонија и во Србија е обвинет за извршување тешки кривични дела.
Неизвесно е дали Јакупи, роден во Бујановац, а е косовски државјанин, ќе биде екстрадиран во Македонија.
По претходно добиени оперативни сознанија, Јакупи Нацист е уапсен вчера околу 12 часот и 20 минути во стан на улица „Бајрам Бахтари“ во Приштина, каде се најдени и автоматска пушка- калашњиков, две гранати и два пиштола.
Од МВР потсетуваат дека Јакупи - Нацист од македонските истражни органи се бара за голем број тешки кривини дела за кои веќе е и осудуван на долгогодишни казни затвор.
Полицијата врз основа на наредби од македонските судови во периодот од 2005 до 2010 година има веќе распишано три потерници.

Првата потерница е распишана на 2 март 2005 година, врз основа на наредба од Основен суд - Тетово, под сомнение за сторено кривични дело напад врз службено лице при извршување на службени работи задачи и за недозволено изработување и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Втората е од Основен суд - Скопје 1 од 20 ноември 2007 година, кога во отсуство му е изречена мерка притвор за „терористичко организирање“ односно во врска со случајот „Бродец“ за кој е осуден на 15 години затвор.

Последната потерница е распишана на 18.01. 2010 година повторно врз основа на наредба од Основен суд - Тетово за издржување казна затвор од 15 години. 

Лирим Јакупи Нацист од Македонија последен пат избега по полициската акција во тетовски Бродец, крајот на 2007 година кога беа убиени шестмина припадници на неговата група.

На крајот на 2004-та во акција за негово апсење во Тетово, Јакупи ранет им избега на македонските специјалци, а еден од неговите соработници беше убиен.

Косовската полиција го уапси, но со поголема група криминалци во август 2007-ма успеа да избега од затворот во Дубрава каде отслужуваше 40-годишна затворска казна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...