Почнува академската 2010/2011 година

Скопје, 15 септември 2010 (МИА) - Околу 12.300 бруцоши кои на првиот уписен рок во август запишаа прва година на државните универзитети денеска ќе ја почнат студиската 2010/2011 година. Бројот на студенти во прва година е поголем зашто денеска факултетите ќе ги запишат и примените кои се пријавија во вториот уписен рок, на 2 и 3 септември, кога конкурираа околу 4.600 кандидати. На факултетите каде што се уште има  слободни места, утре ќе има и трет уписен рок.

Запишаните бруцоши на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска заедно ќе имаат прв академски час на централното одбележување на почетокот на 2010/2011 година во салата „Борис Трајковски“. Ним ќе им се обрати претседателот Ѓорге Иванов, а ќе ги поздрават и министерот за образование и наука Никола Тодоров и ректорот на Универзитетот  Велимир Стојковски.

На Скопскиот универзитет во август се запишаа 6.683, на Битолскиот 2.358, на Државниот универзитет - Тетово 2.648, на „Гоце Делчев“ во Штип 2.285 и на Универзитетот за информатички науки во Охрид на првиот уписен рок се запишаа 72 бруцоши.  

На петте државни универзитети годинава беа распишани 27.046 слободни места за прва година во 2010/2011 година. Од нив, 16.089 за редовни студенти во државна квота, 7.305 за редовни со кофинансирање и 3.652 места за вонредни студенти.

За оваа академска година значително е намалена партиципацијата за студирање на државните универзитети. Највисокиот износ за кофинансирање на студиите е 400 евра, наместо 1.200 евра од минатите години.  Оние кои веќе студираат во квотата со кофинансирање ќе плаќаат по стариот ценовник и според договорот што го потпишале при запишувањето. Износот за државната квота е унифициран и е 200 евра годишно за сите факултети, а за дисперзираните студии во редовната квота е 100 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...