Средба Нимиц - Друцас

Њујорк, 21 септември 2010 (МИА) - Посредникот на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц по синоќешната средба со шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас во Њујорк, изјави дека нема нов предлог и оти ќе треба да биде многу внимателен во неговата подготовка.

- Во изминатите години дадов серија предлози, но досега не најдовме некој што е прифатлив за двете страни. Мислам дека ќе морам да бидам многу внимателен во подготовката на нов предлог, бидејќи имаме многу работи на маса кои двете страни треба да ги земат предвид и да ги разгледаат, рече Нимиц. Според него, дијалогот меѓу двајцата премиери и односите меѓу двете земји сега се на друго ниво за разлика од пред неколку години, но оти се уште не е време за финален предлог.

Друцас, како што пренесуваат агенцијата АНА-МПА и весникот „Елефтеротипија“, на средбата ги повторил грчките позиции за прашањето, кои како што посочи, „се јасни, конзистентни, реални и чесни“.

- Грчката Влада има политичка волја за решение во рамки на познатите црвени линии - име со географска одредница за севкупна употреба. Му порачав на медијаторот Нимиц дека и полтичкото раководство во Скопје треба да дојде на преговарачката маса во ОН со коснтруктивен дух. За жал досега не видовме таква подготвеност од другата страна, изјави Друцас. Изрази жалење што, според информациите со кои располагал, македонскиот премиер Никола Груевски нема да присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк каде што имало можност за нова директна средба и разговори со премиерот Папандреу.

Средба со посредникот на ОН ден претходно во Њујорк имаше и македонскиот претседател Ѓорге Иванов. По разговорите Нимиц изјави дека гледа позитивен развој и оти има зголемено чувство на доверба дека проблемот може да биде решен со дијалог на многу високо ниво, меѓу водствата на двете земји.

- Чувствувам дека страните сега зборуваат меѓу себе за работи кои се во рамки каде може да се видат некои очекувања дека евентуално може да се најде решение на овој проблем. Гледам дијалог кој ми дава реалистични очекувања дека проблемот може да дојде до заемно решение во кое двете страни ќе чувствуваат дека постигнале национални цели и ќе ја заштитат националната гордост на двете страни, изјави Нимиц по средбата со Иванов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...