Радикалните грчки позиции не одат во прилог на решение за името

Скопје, 21 септември 2010 (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека последните изјави на грчкиот премиер Јоргос Папандреу и на министерот за надворешни работи Димитрис Друцас во Њујорк покажале оти надежите за решавање на спорот за името што ги создаваа во изминатиот период биле лажни, бидејќи повторно излегуваат со крајно радикални позиции.

- Тоа е големо разочарување за сите нас и не оди во правец на конструктивно работење за изнаоѓање решение, рече Груевски по пуштањето во употреба на новиот булевар „Илинден“.

Повторувањето на позициите за „ерга омнес“, односно за име со географска одредница за севкупна употреба, а ако е потребно и промената на Уставот, според македонскиот премиер, покажуваат дека кај грчката страна нема поместување.

- Таквите изјави негираат многу луѓе во Македонија кои во повеќе наврати велеа дека Грција била флексибилна, а Македонија не, рече Груевски.

Вели дека останува оптимист оти е можно решение, но дека оптимизмот не е доволен, туку е потребна конструктивност и од другата страна.

- Не знам колку ваквите ставови се во правец на подобрување на нивните позиции пред локалните избори, тоа времето ќе го покаже. Но, ако навистина се задржани на таквите позиции тоа не е конструктивен став и нема да помогне за надминување на спорот. Ако навистина Грција го држи тој став, а се чини дека го држи, бидејќи по којзнае кој пат го повторија, иако многумина во Македонија не сакаа да веруваат дека тоа го кажуваат, тоа покажува нешто друго во однос на она што го декларираат. Од една страна повремено декларираат дека имаат волја, дека се конструктивни и сакаат проблемот да се реши, а од друга страна излегуваат и кажуваат која е нивната позиција, а тоа е крајно радикалната позиција, можеби порадикална од позицијата на претходната Влада, рече Груевски, додавајќи дека тоа е прилично загрижувачки.

Тој не прецизира дали ќе оди во Њујорк на 65. Генерално собрание на ОН, а за грчките забелешки дека не сакал да се сретне со Папандреу, посочи дека таква средба не ни била договорена. Потсети дека му упатил отворена покана на грчкиот премиер за средба во Македонија или каде било и кога било, доколку смета дека тоа би придонело за побрзо решавање на проблемот.

Според Груевски, изјавата на медијаторот Метју Нимиц дека проблемот може да биде решен со дијалог меѓу раководствата на двете земји, не значи дека тој се откажува од посредувањето.

- Не мислам дека крева раце, но укажува дека сите форми на комуникација се добри и ќе придонесат за надминување на овој проблем, изјави премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...