Собир на СДСМ во Прилеп

Прилеп, 11 октомври 2010 (МИА) - Вечерва сме во Прилеп не за да го партизираме празникот или да го делиме народот. Тука сме да го испочитуваме нашето, тоа што сме и што не прави Македонци, рече на вечерашниот партиски собир во Прилеп претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски.

Тој потсети дека на денешен ден во 1941. од Прилеп  е почната борбата за слобода на македонскиот народ и за своја држава, а денес, како што истакна почнува „борба против ненародната власт“.

Според Црвенковски,  власта ја држи во заложништво Македонија и не го признава и не го сака периодот на НОБ но и тој до 90-та година.

- Периодот на Народноослободителната борба  е најславниот во историјата на македонскиот народ кога се изборивме за национално ослободување, за своја држава.  А во периодот од 45 до 90-та година кој за власта  е црн и погрешен, се поставија темелите на современата македонска држава, се изгради македонскиот национален идентитет, Тогаш се создаде богато културно творештво, македонска литература, Универзитетот, МАНУ, се возобнови МПЦ, истакна Црвенковски.

Тој ја обвини власта за лажен патриотизам и за фалсификување на историјата. Ја критикуваше и стапката на сиромаштија и на невработеност, нивото на странски инвестиции, а упати забелешки и на долгот од државата кон фирмите и воведувањето на законската можност за одложување на плаќањето.

Според Црвенковски, во Македонија нема јавно здравство и нема борба со криминалот, а власта ја украла иднината на државата. - Ниту имаат план, ниту идеја како понатаму. Сите околу нас напредуваат само ние стоиме во место, оцени Црвенковски и најави дека СДСМ и опозицискиот фронт  почнуваат битка за економски развој, повисок стандард и за инвестиции.

Коментирајќи ги информациите во некои од медиумите дека размислувал да се повлече Црвенковски рече дека не планира такво нешто. - Јас не се повлекувам ниту од политиката, ниту од СДСМ, истакна Црвенковски.

На вечерашниот собер во Прилеп говореа Блага Стојчевска, носител на партизанска споменица, Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина и млекарот Душко Илиевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...