Доколку има волја ќе се реши спорот со името

Скопје, 20 октомври 2010 (МИА) - Верувам дека доколку постои волја, ќе се изнајде решение за спорот со името, изјави вечерва Евангелос Кофос, висок советник во грчката Фондација за европска и надворешна политика, кој повеќе години беше советник во спорот на грчката влада, кој вечерва имаше излагање на 75. РОС-РОТ семинар што се одржува во Скопје.

Во суштина на, како што рече, контроверзите околу името Македонија и Македонци лежат во спротивставените барања за тапии врз македонска земја на луѓето и нивното историско и културно наследство.

Кофос, кој веќе 15 години е пензиониран, но вели дека е многу активен, предлага да се стави настрана ексклузивноста во користењето на терминот Македонија односно се залага за демонополизација. Укажува да се најде финално решение за спорот, а уставното име кое ќе го замени сегашното име на Република Македонија и рефернцата да го вклучува името Македонија но јасно да се идентификува со географска одредница. Изведенките да не се преведуваат туку да се изговараат во оригинал. 

- Не сум наивен да верувам дека ваквите предлози ќе бидат покренати од политичарите и дека јавноста ова ќе го поддржи веднаш, изјави Кофос и додаде дека овие предлози ги соопштил пред неколку години и оти тие биле критикувани од двете страни во спорот.  Сега, вели тој, нема толеранција, а ова може да се надмине само кога ќе разбереме дека и другиот има право да го користи терминот Македонија и Македонци.

Професорот по Балканска историја на Филозофскиот факултет во Скопје Далибор Јовановски смета дека за да се надминат проблемите што се предизвикуваат со спорот за името треба да се формира комитет на учени луѓе од двете страни кои би се обиделе да изнајдат решенија.

- Проблемот со името е многу тежок и чувствителен и има повеќе нешта за кои Македонците и Грците треба да разговараат, изјави Јовановски, кој смета дека многу тешко ќе се постигне решение доколку се зборува за црвени линии.

На сесијата посветена на Создавање нов моментум за помирување и регионална соработка на Балканот на 75. РОС-РОТ семинар зборуваше и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, кој им порача на политичките лидери да ја искористат следната година кога се навршуваат десет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор за ставање крај на политичките поделби во земјата.

Овој договор, кој означи крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, според Фуере, е проект за помирување и промовирање доверба. - Многу е постигнато, но Охридскиот рамковен договор е работа што се одвива, изјави евроамбасадорот.

РОС-РОТ семинарот, што се одржува во Скопје, во организација на Парламентарното собрание на НАТО во соработка со Собранието на Република Македонија, завршува утре со сесија посветена на Косово по советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...