Кривична пријава за пет лица од охридско Велогошти

Скопје, 8 ноември 2010 (МИА) - Секторот за внатрешни работи во Охрид против П.Ш. (18) Ѓ.К.(24) И.А (21) и К.А.(23) сите од охридското село Велгошти, поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение дека се сторители на  кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствије“.Кривичната пријава се однесува и за уште едно,засега непознато лице, за чие пронаоѓање се преземаат мерки за утврдување на неговиот идентитет.
 
На местото Петрино на 06.11.2010 година припадниците на Шумската полиција преземале мерки за пронаоѓање на лица кои незаконито сечеле и вршеле транспорт на огревно дрво. Околу 19 часот, на ова место во пресрет на Шумската полиција, соопшти денеска МВР, пријавените пристигнале со возило џип и се упатиле кон возилото на Шумската полиција со намера да го одтурнат од патот по што започнала вербална расправија мегу нив. Во обид да ги спречи шумските полицајци да ја вршат контролата, првопријавениот извадил гасен пиштол марка „Екол“ кој го купил на легален начин. По извесно време, а со цел да се  избегне инцидент од поголеми размери, припадниците на Шумската полиција со службено возило, по шумски пат се упатиле кон селото каде требало да се сретнат со припадниците на СВР Охрид. Притоа, со службеното возило удриле во патничко моторно возило „Фиат Пунто„ предизвикувајки материјална штета.

Во моментот на средба со полициските службеници на СВР Охрид, кон нив се упатила повеќечлена група која почнала да фрла со камења. Меѓу нив биле и сега пријавените, како и лицето по кое СВР Охрид презема мерки за негово пронаоѓање и приведување.

Со цел расчистување на случајот, СВР Охрид повика повеќе лица, а кај првопријавениот изврши претрес со  обезбедена судска наредба. Притоа пронајден е и одземен гасниот пиштол. Од страна на службата продолжуваат мерките за целосно расветлување на овој настан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...