„Ерга омнес“ не е реална основа за решавање на спорот за името

Атина, 9 ноември 2010 (МИА) - Грчкиот предлог за име за севкупна употреба „ерга омнес“ не е реална основа за решавање на грчко-македонскиот спор за името, оценува македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервјуто за грчкиот Институт ЕЛИАМЕП објавен денеска на веб-страницата на оваа невладина и непрофитна истражувачка организација.

- „Ерга омнес“ решение, она што е предложено од страна на Грција, не е реално како основа за решение. Прво, тоа апсолутно се коси со сите меѓународни начела за регулирање на односите меѓу државите, и второ, не е прифатливо во случај кога две третини (129) од земјите-членки на ОН ја имаат признаено Република Македонија под уставното име. Меѓу нив се и три постојани членки на Советот за безбедност на ОН, како и други влијателни земји како што се Канада, Турција, Бразил и друг, вели Иванов.

Според него, правото на избор на име е право кое е фундаментално заштитетно од современиот корпус човекови права. 

- Се прашувам како некој може дури и да помисли да избере или да предложи име за други луѓе или менување на устав на некоја друга земја за прашања поврзани со идентитетот, кои се фундаментално заштитени од страна на современиот корпус на човекови права. Затоа, бараме фер решение во кое ќе нема победници ниту поразени, решение кое ќе го заштити достоинството на двете држави и нивните народи, смета Иванов.

Грција, истакнува шефот на македонската држава, нема направено отстапки во спорот за името, туку ја прифати идејата за сложено име со терминот Македонија како единствена опција.  

- Не можеме да зборуваме за отстапка направена од страна на Грција, бидејќи во 1993 година Република Македонија беше членка на ОН со привременото референтно име, кое веќе го содржеше терминот Македонија. По Конференцијата во Единбург, на која во целост беше ослабена нејзината позиција, постигната на Конференцијата во Лисабон, грчката влада мораше да го прифати терминот Македонија. Но, да бидеме искрени, тоа не беше израз на добра волја, туку напротив, единствена опција, истакнува Иванов.

Од друга страна, додава, Македонија се согласи да направи значајни отстапки на барање на Грција и во согласност со Привремената спогодба, го смени државното знаме, членови во Уставот кои се однесуваат на статусот на македонските малцинства во соседните земји, со цел да го осигура грчкиот народ дека немаме никакви територијални претензии. Македонската страна се согласи и да не полага исклучиво право за употреба на терминот Македонија, како и за влез во НАТО и ЕУ под привременото референтно име ПЈРМ.

- Сепак, бевме сведоци во Букурешт, дека, со цел да се спречат нашите евро-атлантски интеграции, Грција практично ја прекрши Привремената спогодба потпишана во 1995 година, поточно член 11 од истата. Се надеваме дека судскиот процес кој се води во Меѓународниот суд во Хаг наскоро ќе потврди дека Грција е страната-потписник која ја прекрши потпишаната спогодба. Тоа, исто така, влијаеше на попречувањето на нашиот економски развој и на регионалната стабилност, истакнува Иванов.

За жал, вели, нашето чувство дека грчката страна постојано ги радикализира своите позиции, со цел да го одложи решавањето на спорот околу името, и официјално се потврди со фамозните 8 точки доставени од страна на преговарачот Василакис до посредникот Нимиц, кон крајот на минатата година.

Посочувајќи оти не смета дека би било корисно во оваа фаза да се коментира за спецификите процесот на разговори за името што се води под покровителство на ОН, Иванов сепак посочува дека решението за ова прашање не смее да влијае врз македонскиот национален и етнички идентитет и македонскиот јазик.

- Оттука, „географски“ одредници, како што имаме и претходно истакнато, изгледаат инкопатибилно со овој основен принцип, бидејќи недвосмислено можат да задираат во нашиот идентитет, истакнува претседателот Ѓорге Иванов во интервјуто за ЕЛИАМЕП.

Институтот ЕЛИАМЕП важи за една од највлијателните организации во Грција. Нејзин член е и професорот Евангелос Кофос, кој се смета за еден од главните креатори на грчката стратегија и политика кон Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...