Македонија го предава претседателството со Советот на Европа на Турција

Стразбур, 10 ноември 2010 (МИА) – Република Македонија по шест месеци поминати на чело на Комитетот на министрите на Советот на Европа – најстарата паневропска организација за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото, денеска во Стразбур ќе и го предаде претседавањето на Република Турција.

Формалното примопредавање на претседателството ќе се изврши на 1097. состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа. 

За време на состанокот на Комитетот, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во својство на досегашен претседавач ќе направи преглед на активностите и настаните кои македонското претседателство ги реализираше во изминатиот шестмесечен период, а кои беа фокусирани на три главни области: засилување на заштитата на човековите права, јакнење на интеграцијата со почитувањето на различностите и промоција на младинската соработка.

Според најавите, Милошоски ќе се осврне на придонесот на Република Македонија што во својство на претседавач го даде во насока на промоција на вредностите и стандардите на Советот на Европа, како и за подобрување на неговата политичка релевантност на меѓународната сцена.

Македонскотот претседателство со Комитетот на министрите на Советот на Европа  се одвиваше во значаен период за Организацијата која се наоѓа во фаза на интензивни реформи, особено во делот на унапредување на уникатниот механизам за системот за заштита на човековите права, а чие надградување и усовршување останува да биде приоритет и во наредниот период.

Македонското претседавање, се совпадна и со одбележувањето на 60-годишнината од усвојувањето на Европската конвенција за човекови права, како централен  инструмент во системот за заштита на човековите права и слободи во рамките на Советот на Европа.

На денешниот состанок на Комитетот на министрите на СЕ, покрај примопредавањето на претседавањето, на дневен ред е и прашањето за напредокот во спроведувањето на активностите на работната група за реформа на Европскиот суд за човекови права која е воспоставена во рамките на т.н процес од Интерлакен.

Примопредавањето на претседавањето се совпаѓа и со одбележувањето на 15-годишнината од пристапувањето на Македонија во Советот на Европа (9 ноември 1995 година), за што во Палатата на Европа во Стразбур ќе биде организирана пригодна свеченост, на која се очекува да присуствуваат генералниот секретар на СЕ Торбјорн Јагланд и идниот претседавач со Комитетот на министри, шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу.

Во рамките на одбележувањето на годишнината од членството, министерот Милошоски ќе отвори изложба на фотографии за македонското претседавање со Советот на Европа, а ќе го промовира и најновото издание на надворешно-политичкото списание на Министерството за надворешни работи  „Крстопати“, тематски посветено на Советот на Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...