Македонија продолжува да се движи напред кон Брисел

Скопје, 11 ноември 2010 (МИА) - Споредбената анализа на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2009 и 2010 година покажува дека во две третини оценката за годинава е иста или подобра од лани. Во ниедна област вклучително и во исполнувањето на политичките и економските критериуми не се бележи стагнација или назадување, рече вицепремиерот задолжен за европски интеграции Васко Наумовски на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека анализата е направена врз основа на заклучоците за секое од 33-те поглавја, како и за економските и за политичките критериуми што ги дава Европската комисија во Извештајот.

- Доколку Македонија немаше никаква забелешка во Извештајот ќе значеше дека веќе е подготвена за полноправно членство во ЕУ. Забелешки ќе добиваме се додека не станеме полноправна членка, рече Наумовски.

Нагласи дека заклучоците на ЕК потврдуваат дека Македонија продолжува да се движи напред и оти не држат забелешките дека европските интеграции не се приоритет на актуелната Влада и има назадување во исполнувањето на критериумите. Во секое од поглавјата, како што посочи, е констатирано дека има напредок.

- Доколку лани бевме стигнати до Будимпешта, годинава сме до Виена, наведе Наумовски и им заблагодари на 883 административци кои во 35 работни групи работат на исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ.

Единствена пречка за започнување на преговорите, укажа вицепремиерот, претставува името, но, вели, заклучоците покажуваат дека Владата не се крие зад тоа, туку дека и понатаму продолжува со реформите.

- Ниту една земја што се затскрива зад користење на правото на вето во Европската унија не може да ги спречи реформите во Македонија за исполнување на европските критериуми, заклучи Наумовски.

Според него, доколку навреме, односно пред 10-15 години, биле започнати реформите во земјава ќе имаше подобра администрација и судство.

Наумовски рече дека евроамбасадорот Ерван Фуере и сите останати амбасадори на земјите од Европската унија во Македонија ги гледа како сојузници и пријатели кои имаат намера да и помогнат на земјата во исполнувањето на нејзиниот приоритет - полноправно членство во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...