Управниот суд ја одби тужбата на Трендафил Ивановски

Скопје, 12 ноември 2010 (МИА) - Управниот суд ја одби тужбата на поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски против Комисијата за верификација на фактите, која го прогласи за соработник на тајните служби.

Пресудата денеска преку курири им е доставена на Ивановски и на претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев.

Аџиев не сакаше да ја коментира пресудата на Управниот суд за тужбата на Ивановски. Рече дека доколку има жалба до Врховниот суд, Комисијата ќе чека што ќе одлучи Врховен, па во зависност од одлуката ќе се постапува понатаму.

За Ивановски со објавувањето на пресудата вчера во медиуми, пред да му биде доставена нему, се кршат сите принципи на правната држава. Тој тврди дека бил репресирано лице поради неговите идеи за самобитноста и самостојноста на Македонија, дека делови од досието се извадени и дека Управниот суд не согледал докази кои се фабрикувани, а посебно неговиот потпис.

Ивановски, кој е единствениот досега за кого Комисијата за лустрација потврди дека соработувал со тајните служби, најави дека ќе ја продолжи правната битка пред Врховниот суд, кој ќе треба да ја преиспита одлуката на Управниот суд, а ако е неопходно и пред Судот за човекови права во Стразбур. Тој тврди дека не бил соработник туку жртва на безбедносните служби, оти Комисијата за лустрација погрешно ја утврдила фактичката состојба и дека во досието за него има грешки и фалсификати.

Ивановски рече дека не припаѓа ниту на левицата, ниту на десницата. - Оттука за мене, како што рече немаше пазарења, како за другите случаи кои ги разгледувала Комисијата.

Ивановски пред управните судии тврдеше дека бил жртва, а не кодош во поранешниот систем. Тричлениот судски совет не ги прифати неговите аргументи.  Според Ивановски, Управниот суд не ја завршил работата како што треба и како што кажа, со тоа се доведува во прашање независноста на судството, токму затоа таква е и оценката на Европската Комисија за состојбите во судството во Македонија.

Уставниот судија најави и кривична тужба за претседателот на Комисијата за лустрација, затоа што Томе Аџиев тврдел дека имал потпишан документ за соработка со тајните служби, што пак Ивановски го негираше.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...