Одбележување на 13-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје

Скопје, 13 ноември 2010 (МИА) - По повод одбележувањето на 13-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Град Скопје (1944-2010), градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ.

Официјални државни делегации и делегација од Град Скопје ќе положат цвеќиња пред споменикот на ослободителите на град Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“, пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на Градските гробишта „Бутел“, како и пред споменикот на ослободителите на град Скопје на платото пред Владата на Република Македонија. Делегација на Советот на Град Скопје ќе положи цвеќе пред споменикот на Ослободителите на град Скопје на браната „Матка“.

Во Домот на АРМ ќе биде организирана Традиционална крводарителска акција на Црвен крст на Град Скопје.

Во рамки на одбележувањето, во спортскиот комплекс на ФК „Работнички“ – Скопје ќе се одржи Меѓународен младински турнир во фудбал “Куп на Скопје“, а во Спортскиот рекреативен центар Хиподром ќе биде реализирано патролно јавање на коњи на релација Хиподром-Маџари-Хиподром. Истовремено под мостот „Обединети Нации“ во Скопје ќе се одржи кајак спуст по реката Вардар.

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржат финалните борби во рамки на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг-Скопје 2010“, а на најдобрите боксери ќе им бидат доделени награди.

Со старт од Плоштадот „Пела“ попладне ќе се одржи Ноќна велосипедска трка „Низ улиците на Скопје“ и Ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“.

Централната свеченост за одбележување на Денот на ослободувањето на Скопје, ќе се одржи вечер во Домот на АРМ кога ќе бидат врачени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје, ќе биде отворена изложба на уметнички слики од меѓународната ликовна колонија „Скопје-2010“, а Мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе одржи концерт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...