Интервју со Зоран Коњановски, министер за одбрана на РМ

Лидерите на земјите членки на НАТО за една недела повторно во Лисабон ќе се сретнат, а во фокусот на самитот ќе биде новиот стратегиски концепт на Алијансата. Република Македонија во Лисабон доби покана како земја-придонесувач во мисијата ИСАФ во Авганистан и како земја-кандидат за членство во НАТО. Иако на агендата за овој Самит не е предвидено проширување на Алијансата со нови земји членко, што може да очекуваме од Лисабон? Можни ли се изненадувања ?

- Изненадувања не се можни затоа што уште на Самитот во Букурешт покажавме спремност, политичка зрелост, покажавме успешни реформи за да бидеме дел од НАТО. Уназадување на тој пат не е можно, враќање назад не е можно. Според мене единствено е можно НАТО принципиелно да го вреднува она што Република Македонија го прави во однос на Алијансата, во однос на регионалната соработка и билатералните односи со земјите. Ако од тој аспект се гледаат работите, изненадување нема да биде и ако станеме членка на НАТО.

Какви се шансите Македонија да добие покана под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија?

- Како што знаете во НАТО се одлучува со консензус и од таа гледна точка во овој момент имаме хендикеп, без разлика на се останато што го имаме исполнето. Се поставува прашањето, за да се постигне некој компромис треба да постои желба од двете страни – што ако на подолг временски компромис нема таков компромис и тоа не заради Република Македонија, туку заради другиот партнер кој учествува во тие разговори. Во тој случај мислам дека и Алијансата и ЕУ треба да се загрижат дека тоа веќе не е билатерално прашање меѓу две земји, туку самото прашање меѓу двете земји добива регионален карактер. И тука треба и ЕУ, и НАТО и другите земји од регионот да помогнат да се реши ова прашање. Во случај ако долго време траат преговорите и нема компромис, мислам дека и нашето членство под ПЈРМ е едно од решенијата.

Можно ли е Македонија да добие покана со одложен прием односно ратификацијата на одлуката да се случи откако ќе се реши прашањето за името ?

- Досега не е разгледувана таква варијанта. Што се однесува до Самитот во Лисабон ние не сме преголеми оптимисти, ниту преголеми песимисти за она што може да се случува во Лисабон. Пред се ќе биде разгледуван еден клучен документ – новиот стратешки концепт на НАТО. Ние би посакале да бидеме дел од дневниот ред на Самитот односно да се испрати јасна порака дека членството во НАТО е отворен процес.Мислам дека не постои поподготвена земја од Република Македонија и затоа треба да се испрати јасна порака дека вратите на НАТО се отворени.

Имаме ли некакви најави дека можеби во завршната декаларација Македонија ќе биде спомената и ќе биде повторен заклучокот од самитот во Букурешт ?

- Во однос на подготвеноста, нема веќе што да констатира, тоа е затворено прашање, ние како МО и АРМ сме подготвени. Зачекоривме во 12 – от циклус на Акциониот процес, а добиваме постојано и позитивна критика на овој годишен документ во Брисел. Не се поставува и прашањето каква е политичката волја на Владата. Владата има политичка волја и врвен приоритет е Република Македонија да стане членка на НАТО. Единствено останува да ја слушнеме политичката одлука на Алијансата. Целиот труд што го правиме во изминатите 20 години, да биде правилно вреднуван и Македонија да биде дел од НАТО затоа што ние сме подготвени.

На прашањето дали се потребни тие 12 Акциони планови, Коњановски потенцира дека тие секогаш се потребни дури и да бидеме дел од НАТО, реформите и понатаму ќе се движат.

- За тоа говори и долгорочниот десетгодишен план за развој на одбраната, што е исто акционен план за тоа како и каде ќе се движи МО и АРМ во иднина. Точно е дека во последните неколку години заради економската криза е намален буџет за одбрана, како што се намалени и буџетите за одбрана на земјите – членки на НАТО и во таа насока нема поставено стандарди, иако често се мисли дека е правило над 2 проценти од бруто домашниот производ треба да се одвојува за одбраната, но тоа е посакувана работа, но и не е правило. Во моментот ние се движиме во еден просек односно се одвојува 1,4 проценти од бруто домашниот производ за МО. Мислам дека веќе е прекината таа тенденција на намалување на буџетот за одбраната која беше последица на економската криза. Веќе оваа година имаме 50 милиони денари повеќе од ребалансираниот лански буџет и со долгорочниот план за равој на одбраната, кој се изработува заедно со Министерството за финансии, ќе испратиме јасна слика дека буџетото на МО ќе оди по нагорна линија.

Колку регионалната соработка може да и помогне на Македонија, но и на другите земји да станат полноправни членки на НАТО?

- Земјите од регионот еве низ јадранската група односно А5 покажуваат јасно каде сакаат да го видат регионот - НАТО и ЕУ. Македонија има потпишано договори за билатерлана соработка со сите наши соседи, а после три години застој на наша иницијатива веќе е потпишан билатералниот план за соработка со Грција. Ние бевме и остануваме лидери на регионалната соработка. На тој начин се создава доверба меѓу земјите од регионот и се разменуват позитивни искуствата за развој на армиите. Ако сакаме да бидеме дел од НАТО посебно внимание треба да посветиме на регионалната стабилност и на исполнителноста. Досега низ повеќе проекти како што се заеднички обуки, користење на заеднички тренинг центри, како и Воената академија во Скопје, се покажало дека ние сме исполнителни.

Моето лично искуство покажува дека се незаменливи и личните контакти, покрај официјалните состаноци на округла маса. Во последните неколку месеци имав средби со министрите за одбрана на САД, на Канада, на Германија, на Швајцарија, го очекувам во Македонија и министерот за одбрана на Турција. На тој начин се гради пријателството и се пренесуваат ставовите на Република Македонија, добиваме пријатели, лобисти кои ќе ни помогнат многу побргу да станеме и членка на НАТО. На тие средби навистина ја добивме поддршката, а моите колеги се целосно запознати со реформите кои се прават во Република Македонија не само во одбраната, туку и за остварување на други критериуми. Таа успешна приказна се прераскажува понатаму кај други колеги и така се се создава мрежа на пријатели и поддржувачи на Македонија.

Колку не добивањето покана може да биде демотивирачко за граѓаните, особено за припадниците на МО и на АРМ кои се лидери во исполнвуањето на критериумите за членство во Алијансата?

- Секое непринципиелно однесувње кон Република Македонија предизвикува одредна реакција кај граѓаните и на некој начин тоа е демотивирачко. Но, мислам дека не треба да бидеме опфатени со едно такво чувство затоа што по сите контакти што ги имаме и на сите средби се потенцира дека Македонија е силен партнер на НАТО и оти Македонија ги има исполнето сите реформски критериуми.

Во прашање е време кога ќе победи принципиелноста, над принципиелноста и во прашање е време кога Македонија ќе биде полноправна членка на НАТО. Ние се надеваме дека тој временски период ќе биде многу кус и за брзо време ќе бидеме дел од НАТО затоа што ги вложуваме сите напори кои се потребни за да станеме полноправна членка на Алијансата. Подготвени сме како Влада и како држава да го надминеме и тој последен чекор, тој спор кој ни се наметна со непризнавање на нашето уставно име од страна на Грција. Но, за добра добра соработка и надминување на одредени спорови се потребни двајца.

Позициите на НАТО амбасадорот Мартин Треневски – дали се согласувате со тие ставови и како влијаат врз односите со НАТО ?

- Неколку пати се имам сретнато со амбасадорот Треневски. Во контактите нема ништо необично. Сметам дека имаме и ќе имаме еден добар амбасадор кој достоинствено ќе ја претставува Република Македонија. Мислам дека тој се потруди да објасни оти не е добро разбран за одредени позиции кои ги изнесе и навистина во моите контакти со него, гледам дека ќе имаме уште еден силен подржувач на владината политика, кој ги исполнува работните задачи во Брисел.

Што со неговото барање за ревизија на заклучокот од Самитот во Букурешт за членстово на Македонија во НАТО ?

- Мартин Треневски ги објасни тезите од неговото излагање. Во тој контекст, јас како министер при секој контакт со моите колеги за одбрана барам ревизија на одлуката да останеме надвор од НАТО односно барам Алијансата правилно да ги вреднува сите реформи и напори кои ги прави Република Македонија. Ние и во Букурешт и во Лисабон не бараме награда. Бараме принцип. Ние принципиелно се однесувавме и пред и по Букурешт. Бараме нашата принципиелност да биде возвратена од Алијансата.

Претседателот на САД Барак Обама најави почеток на повлекување на американските војници од Авганистан во јули 2011 година. Има ли најави за почеток на повлекување и на македонските мировници следната година ?

- Ние во Авганистан сме повеќе години и припадниците имаат своја мисија на различни позиции. Во зависност од тоа како се исполнети одредени услови, така привршуваат одередни мисии. Така на пример сега во ноември завршува мисијата на 79 македонски мировници кои заедно со припадници на Национална гарда од Вермонт успешно ја завршија мисијата и се повлекуваат. Главната поента е да се обучат авганистанските безбедносни сили, да ги достигнат потребните капацитети за да ја преземат одговорноста за создавање демократско општество, а со тоа и да се повлечат војниците на НАТО. МИслам дека ќе помине уште многу време за да се доизгради авганистанското општество.

МИА - Цветанка Миновска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...