На 13 декември ќе расправа за распуштање на Парламентот

Скопје, 9 декември 2010 (МИА) - Собранието в понеделник, на 13 декември, ќе расправа за Предлог - одлуката за распуштање на Парламентот, доставена за време на протестот од страна на опозициската СДСМ, која бара предвремени избори. Предлог - измените на Изборниот законик, поднесени исто така од опозициската партија, ќе бидат ставени на првата наредна редовна седница на Собранието, која како што најавуваат од Кабинетот на претседателот на Собранието, ќе биде закажана на 27 декември. 
 
Со оглед на распоредот на силите во Собранието, парламентарното мнозинство очекува Предлог - одлуката на СДСМ за распуштање на Парламентот, која е поддржана од другите опозициски партии, да не биде прифатена.
 
ВМРО-ДПМНЕ синоќа на седница на Извршниот комитет донесе одлука да не поддржи предвремени избори, додека ДУИ денеска повтори дека не се за предвремени избори, туку за решавање на името.
 
Во моментот не постојат никакви објективни причини и оправданост за прекинување на доверениот четиригодишен мандат од страна на граѓаните за остварување на ветените проекти во програмата, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, по седницата на Извршниот комитет.
 
Сафет Незири од ДУИ повтори дека неговата партија е за забрзување на процесите за евроинтеграцијата на Македонија и структурите на НАТО. - Мислиме дека предвредени избори придонесуваат за губење време на Македонија и успорување на сите евброинтеграциски процеси, изјави тој.
 
За коментарите на опозицијата дека владејачките партии бегаат од соочување со граѓаните, пратеникот на ДУИ вели дека тоа се ниски удари со кои нивните политички противници се обидуваат да ги обвинат политичките субјекти кои носат одговорност кон државата.
 
Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев денеска на прес-конференција рече дека неговата партија ја продолжува битката за предвремени парламентарни избори и најави дека ќе бидат искористени сите демократски средства за тие да се одржат.
 
За Андреј Жерновски од ЛДП синоќешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ претставува крајно неиздржлив и неаргументиран одговор на барањето на лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски за предвремени избори.  - Тоа е несериозен одговор на еден несериозен предлог. ЛДП како опозициска партија ќе ја поддржи иницијативата за предвремени избори. Ние сме подготвени веднаш да одиме на избори, рече пратеникот од ЛДП.
 
Според Сулејман Рушити од НД, одлуката на ВМРО –ДПМНЕ, на која и претходеше одлуката на коалициските партнери да нема избори, потврдува дека владејачките партии самите не им веруваат на рејтинзите за поддршката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...