ЦГК: Зголемен уделот на поништени тендери во вкупно спроведените

Скопје, 21 декември 2010 (МИА) – Од 2008 до 2010 година за 2,5 пати е зголемен уделот на поништени тендери во вкупно спроведените, економските оператори не можат да го остварат правото на увид во документацијата од постапките за јавни набавки во кои учествувале, а тоа го зголемува сомнежот на компаниите за нерегуларности, продолжува намалувањето на конкуренцијата во постапките за јавни набавки, покажува седмиот квартален извештај од мониторингот на јавните набавки што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Според Извештајот, во дури 47,5 отсто од мониторираните тендери во периодот јули - септември, понуди доставиле само една или две компании, а поништени се 22,5 проценти од мониторираните постапки.

Заклучно со септември, со електронска аукција завршиле само 11,6 отсто од објавените огласи за јавни набавки.

Трендот на пораст на договорите склучени без објавување оглас продолжува. Во овој квартал, преку непосредни договори се потрошија 574 милиони денари (9,3 милиони евра), што е за 14 отсто повеќе од истиот период минатата година. Продолжува зачестеното користење на елементот „рок на плаќање“ што ги принудува фирмите да нудат рокови на наплата на фактурите од договорите за јавни набавки и до 300 дена стои во Извештајот.

Дел од договорните органи не го почитуваат новововедениот законски рок за донесување одлука за избор на најповолна понуда, договорните органи нема да успеат да го исполнат законски предвидениот минимум за годинава – за 30 отсто од набавките да спроведат електронска аукција, како ефикасен механизам за заштеда на јавните пари.

Врз основа на овие наоди, како што наведува Центарот за граѓански комуникации, се изработени и препораки за преземање мерки за надминување на детектираните слабости, како и споредбени прикази за начинот на кој две важни прашања од јавните набавки се регулирани во земјите од регионот – правото на увид во документите од јавните набавки и паричните санкции за прекршоците поврзани со јавните набавки.

Седмиот квартален извештај од мониторингот на јавните набавки на централно и на локално ниво во периодот од јули до септември 2010 година е достапен и на интернет страницата на Центарот за граѓански комуникации HYPERLINK "http://www.ccc.org.mk"www.ccc.org.mk.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...