Унгарија ќе ги претстави приоритетите пред македонските пратеници

Скопје, 11 јануари 2011 (МИА) - Амбасадорот на Унгарија во Македонија Ференц Кекеши денеска пред собраниската Комисија за европски прашања ќе ги претстави програмата и приоритетите за работата на Унгарското претседателството со Европската унија, за периодот јануари-јуни 2011 година.

Владата во Будимпешта соопшти дека проширувањето на Европската унија и интензивирањето на соработката со земјите од Балканот ќе бидат дел од приоритетите на Унгарското претседателство. За нив ова прашање е од стратегиско значење, бидејќи сакаат да ја зачуваат и нивната улога на крстосница на Централна Европа.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека „ако не дојде до приближување на Балканот со ЕУ, балканските земји можат да се соочат со тешка криза која ќе ја чини ЕУ поскапо отколку процедурата за нивно зачленување“. За Будимпешта е важно да се „комплетира“ ЕУ. Случајот со Хрватска, го сметаат за завршен и се надеваат дека до крајот на нивното претседателство ќе бидат затворени сите поглавја за преговорите со Загреб.

- За време на Унгарското претседателство сакаме да постигнеме напредок и во дијалогот со другите земји, за да се направи чекор нанапред, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Јанош Мартони при претставувањето на унгарските приоритети во Брисел. Во тој чекор напред се подразбира и почетокот на преговорите со Република Македонија.

Според размислувањата на Будимпешта, сите поважни одлуки за проширувањето ќе треба да бидат донесени во текот на 2011 година, непосредно пред претседателските избори во Франција закажани за во април 2012 година, кога европските проблеми ќе бидат во втор план или пак ќе бидат искористени за внатрешно-политички потреби во предизборната кампања.

Преземањето на претседавањето од страна на Унгарија го одбележа и контроверзниот унгарски закон за медиуми. Законот, кој влезе во сила на 1 јануари предизвика остри критики во европскиот печат и во некои земји-членки, меѓу кои и Германија и Франција. Новиот закон овозможува поголема контрола на власта врз сите јавни гласила и предвидува големи финансиски казни за медиумите, чии извештаи ќе се оценат како неизбалансирани или навредливи. Законот му овозможува на телото, кое се состои претежно од функционери од партијата на Орбан, Фидеш, да ги надгледуваат јавните и приватните медиуми, вклучувајќи го и интернетот и да одредуваат казни во случај на спорни текстови за случувањата во Унгарија.

Министерот за надворешни работи на Луксембург поради овој закон минатиот месец отворено го постави прашањето дали Унгарија е достојна да ја води ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...