Јован Делов го фати чесниот крст за Водици во Охрид!

Јован Делов од населбата Варош од Охрид исплива од осветените води на Охридското Езеро со крстот во рака. Тој беше најсреќен и меѓу неколку стотини млади од Охрид и целата држава оваа година ќе носи среќа за себе, своето семејство но и за целиот христијански свет.

Околу 20.000 луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство присуствуваа на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици.

Со церемонијата на осветувањето на езерските води чиноначалствуваше митрополитот дебарско - кичевски г. Тимотеј во сослужение на високи правосвештеници.

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.

Овој празник уште се нарекува и Водици поради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден. Водосветот е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и дух.

Верскиот празник е одбележан во сите храмови и градови во Македонија, како и меѓу верниците на МПЦ во Европа и прекуокеанските земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...