Крстот го фати Љубиша Џепиќ од Волково

Скопје, 19 јануари 2011 (МИА) - Дваесет и пет годишниот Љубиша Џепиќ од Волково беше најсреќниот кој го фати светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје.

Џепиќ, кој три пати го фаќал крстот во Волково, информира дека првпат се пријавил да го фаќа крстот на централната манифестација во Скопје.

- Очекувам да ми донесе љубов, вера и надеж, тоа што не може да го купиме, туку само од бог да го добиеме, изјави Џепиќ.

Порака за благосостојба до насобраните верници кои го следеа осветувањето на водата на реката Вардар на мостот кај хотелот „Холидеј Ин“, упати поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, со традиционалното христијанско честитање на празникот „Бог се јави!“.

Се смета дека оној што ќе го фати крстот цела година ќе го следи среќа, здравје и благосостојба, а традиционално и оваа година доби подароци. Од пермиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на осветувањето на водите на реката Вардар, Џепиќ доби лап топ компјутер, од новинско издавачката куќа „Вечер“ која е организатор на манифестацијата „Водици 2011“ ЛЦД телевизор, од Град Скопје златник, а од општина Центар икона, од „Техномаркет“ му подари шпорет, од анонимен дарител фрижидер.

На годинешното фрлање на крстот во Скопје учествуваа околу 160 лица.

Богојавленската литургија почна утрово во 9 часот во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје, а потоа во 11 часот поглаварот на МПЦ г.г. Стефан заедно со свештенослужителите и верниците со литија се упатија кон мостот кај хотелот „Холидеј Ин“, од каде ги осветија водите на Вардар.

За безбедност на верниците во вода ќе грижеше специјалната единица на Министерството за внатрешни работи, специјалната единица за одговор при катастрофи при Црвениот крст на Град Скопје, како и кајакарите на Кајакарската федерација на Македонија. За безбедноста на копно беа ангажирани полицајци од полициската станица Центар, приватна агенција за обезбедување, како и лекарска екипа на Брзата помош.

Кум на овогодинешната манифестацијата беше Златко Поповски, а за следната година за „Водици 2011“ ќе биде Сашко Станинов.

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Тој важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други. На Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите престануваат да течат и стануваaт лековити.

Богојавление (Водици) - 19 јануари, согласно Законот за празници на Република Македонија, е неработен ден за верниците од православна вероисповед. сс/цр/13:23



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...