Полицијата пресече меѓународен канал за транспорт на кокаин

Скопје, 19 јануари 2011 (МИА) - Македонската полиција во соработка со полициските служби на СР Германија и СЕКИ центарот од Букурешт вчера пресече меѓународен канал за транспорт на кокаин и приведе четворица македонски државјани осомничени за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Единицата за борба против недозволена трговија со дрога при Одделот за организиран криминал и Царинската служба на Република Македонија во соработка со полициските служби на СР Германија, а во координација на СЕКИ центарот од Букурешт, вчера по спроведена заедничка операција на контролирана испорака на дрога на релација Санта Круз, Боливија, преку Франкфурт, Германија со крајна дестинација Охрид, Македонија, пресече меѓународен канал на транспорт на кокаин при што се запленети 1,465 килограми висококвалитетен кокаин. Малопродажна вредност на пазарот на наркотици би можела да достигне и до половина милион евра.

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе кривични пријави против осомничените лица З.У (42) од Охрид, Ф.К. (34) од село Велешта, струшко, Б.П. (29) и В.П. (54) и двајцата од Скопје.

Според документираните сознанија прибрани во текот на полициската операција, пријавените во почетокот на месецов, неовластено заради понатамошна продажба, од извесно лице - Вицтор Хуго Салватиерра Цеспедес,наведен како испраќач во испратницата,од Санта Крус, Боливија, за неодредена цена, набавиле еден килограм и 465 грама висококвалитетен кокаин.

На 9 јануари годинава царинските служби од СР Германија на меѓународниот аеродром во Франкфурт, детектирале поштенската пратка со која се транспортирал филтер за вода за водна пумпа во чија што внатрешност била сокриена наркотичнаа дрога кокаин. Пратката била испратена од Боливија со крајна дестинација Охрид, Македонија, при што како примач на пратката бил наведено лицето Б.П., Виа Населба Охрид 6000 Македонија, а испраќач на поштенската пратка на пакетот било погоре посоченото лице од Боливија.

Со цел обезбедување докази за реализирање на случајот и идентификување на криминалната група, спроведена е меѓународна операција - контролирана испорака на наркотична дрога кокаин за што од страна на ЕБПНТД применети се посебни истражни мерки.

Во соопштението се појаснува дека вчера, околу 14.50 часот примачот на пратката, Б.П. со такси возило, пристигнал во просториите на ТНТ-експрес, и откако ја подигнал поштенската пратка излегол од просториите на ТНТ-експрес со намера пакетот да го предаде на неговиот татко В.П. кој бил паркиран непосредно пред ТНТ-експрес. Но набргу по ова полицијата двете лица ги лишила од слобода. Врз основа на претходно преземените мерки и активности од страна на ЕБПНТД, а поради основано сомнение за нивна инволвираност во недозволената трговија со кокаин во близина на меѓуградската автобуска станица во Скопје од слобода се лишени и лицата З.У. и Ф.К., за кои во истрагата е утврдено дека се нарачатели на пратката и кои, по превземање на дрогата истата понатаму требало да ја предадат на непознати лица.

Од страна на Одделот за криминалистичка техника при МВР извршен е увид на лице место, при што е констатирано дека во поштенската пратка (пакет) е пронајден филтер за вода за водна пумпа, во чија внатрешност бил сместен предмет со цилиндрична форма со должина од 43 см и дијаметар од 9 см, кој бил наполнет дрогата кокаин. При натамошното вештачење, меѓудругото, утврдено е дека кокаинот бил со чистота од 95 отсто и дека со додавање на други примеси, заради препродажба, би се добило повеќекратно зголемување на количината на одземениот кокаин.

Четворицата пријавени се приведени во службените простории на Полициската станица „Гази Баба“ каде е извршен службен разговор во врска со пронајдениот пакет и предметите во него.Заедно со кривичната пријава ќе бидат предадени на надлежен Истражен судија. Од страна на МВР се преземаат дополнителни активности за утврдување на евентуалната инволвираноста и на други лица во овој случај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...