Проески постхумно одликуван со Орден за заслуги за Македонија

Скопје, 24 јануари 2011 (МИА) - Поради искрениот и длабок хуманизам, уметничките дострели и обединувачката енергија, претседателот Ѓорге Иванов денеска постхумно му додели Орден за заслуги за Македонија на Тоше Проески. Орденот на свеченост во претседателската резиденција го прими внукот на Тоше, Кристијан Ристески.

- Орденот е признание за неговите овоземни заслуги, но и израз на нашата љубов и почит кон човекот кој не сакаше сите. Со овој чин, Македонија свечено се обврзува да продолжи да го негува сеќавањето за својот голем син, да ја негува неговата уметност и хуманост со која не збогати, рече Иванов.

Претседателот истакна дека доделувањето на Орденот е симболичен и најскромен, додека посветеноста кон негувањето на добрата мисла, намера и дело, е вистинскиот дар кој можеме да му го дадеме на Тоше.

- Тоше ја афирмираше Република Македонија и покажа дека таа е храбра и достојна, дека треба да веруваме во неа, да ја сакаме, чуваме и промовираме со достоинство. Со своите несебични заложби Тоше Проески уште еднаш не направи горди на своето минато и решителни за својата иднина, рече Иванов.

Тој потсети дека Тоше ширел љубов и разбирање преку музиката и оти покрај на македонски јазик, пеел и на влашки, англиски, српски, хрватски, италијански јазик...

На доделувањето на Орденот за заслуги за Македонија на Тоше Проески, присуствуваа поранешниот претседател Киро Глигоров, вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје Велимир Стојковски, градоначалникот на општина Крушево, членови на семејството на Проески и претставници од фондацијата „Тоше Проески“.

Во чест на Тоше утре на денот на неговиот 30 роденден, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде одржан голем концерт „Со љубов за Тоше“ на кој ќе настапат македонски и балкански музички ѕвезди. Во пресрет на концертот беше промовиран спотот за песната „Наслони главу на моје раме“, од авторите Нино Нинчевиќ и Миро Буљан. Песната пред 30 години била изведена од „Тути фрути“, а Тоше ја снимил во 2007 година. Спотот е снимен во Хрватска, со најсовремена техника за анимација, а со спонзорство на „ЕВН Македонија“.

Министерката за култура Канческа-Милевска денеска ќе им додели 75 бесплатни билети на децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“, Јавната установа за деца со социјално-воспитни проблеми и од СОС Детското село.

Концертот ќе се одржи под покровителство на Министерството за култура, а годинава се вклучува и Интернационалниот фан клуб на Тоше Проески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...