„Со љубов од Тоше“ за 30-тиот роденден на Тоше Проески

Скопје, 25 јануари 2011 (МИА) – „Со љубов од Тоше“ е насловен концертот по повод 30-тиот роденден на Тоше Проески што вечер во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе го одбележат негови колеги и соработници.

На третиот меморијален концерт што го организира фондацијата „Тоше Проески“ вечер од 20 часот ќе настапат Наум Петрески, Миле Кузмановски, „Синтезис“, бендот на Тоше, Елена Ристевска, Марко Возељ, Мартин Вучиќ, Антонија Шола, Јоана,  Црвена јабука,  Жељко Самарџиќ и Маја Оџаклиевска...Покрај нив, на сцената ќе бидат и децата од хорот „Златно славејче“ и  членовите на музичкиот кабинет од Крушево кои премиерно ќе ја испеат композицијата „Пасворд“ на музика на Тоше, со стихови на Огнен Неделковски и аранжман на Валентино Скендеровски.

- Концептот е поразличен од двата претходни меморијални концерта за македонската ѕвезда. Овојпат идејата ја дадоа фановите. Тие сакаат целата вечер да го носи „печатот“  на Тоше, да ги слушаат неговите песни, да го гледаат неговиот ведар и насмеан лик на видеоснимки, кои ќе се прикажуваат на три лед-екрани, и да ги пеат неговите песни заедно со пејачите кои ќе пеат на сцена, информира фондацијата.

„Со љубов од Тоше“ е насловено и цедето што ќе биде објавено денеска. Овој, трет постхумен албум на Тоше содржи  15 песни, од кои 12 се од светската рок-антологија кои Тоше ги изведуваше на своите концерти, две песни се познати хитови,  досега неслушнати во негова интерпретација (од Елтон Џон и од Витни Хјустон), а  15-та песна е „Наслони главу на моје раме“, која деновиве е промовирана на радијата. Автори на песната се „Тути фрути“, Нино Нинчевиќ и Миро Буљан. За неа има и видеоспот снимен во Загреб. Деновиве на радиостаниците се емитува и песната  „Can You Feel The Love Tonight“, која пред неколку години Тоше ја снимил во своето домашно студио.

Концертот ќе го снимаат повеќе телевизии од Балканот. Ќе се одржи со поддршка на ЕВН и „Аворд“ и под покровителство Министерството за култура. Влезниците се 250 денари и приходот ќе биде наменет хуманитарно.

Министерството за култура им додели 75 бесплатни билети на децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“, Јавната установа за деца со социјално-воспитни проблеми и од СОС Детското село.

За  30-тиот роденден на Тоше е завршена и изградбата на спомен-куќата во Крушево, но објектот ќе  биде официјално отворен откако во него ќе бидат сместени сите предмети на Тоше и експонати од семејството Проески.  Големата музејска збирка која ќе раскажува за животниот и уметничкиот пат на Тоше  ќе биде внесена во спомен-куќата во координација на Министерството за култура и фондацијата „Тоше Проески“. 

Во пресрет на денот на раѓањето, најголемата македонска музичка ѕвезда вчера беше одликувана со Орден за заслуги за Македонија од претседателот Ѓорге Иванов поради високите дострели на неговата професионална музичка дејност и придонесот за збогатување и промоција на македонските културни вредности, но и за неговите хуманитарни активности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...