Средба Милошоски - Друцас во Будва

Скопје, 28 јануари 2011 (МИА) - Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска во Будва ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас.

Средбата, што ја иницира македонската страна, ќе се одржи на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

За средбата со неговиот грчки колега Друцас во Црна Гора, Милошоски изјави дека би било добро, покрај за името, да се разговара и за економската соработка меѓу двете земји, за избегнување на двојното оданочување, како и за отворање нови гранични премини.

Состанокот Милошоски - Друцас се случува во пресрет на средбата на медијаторот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц со претставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис, закажана за 9 февруари во Њујорк.

Македонија, како што најави шефот на македонската дипломатија во интервју за Слободна Европа, очекува на новата рунда разговори во Њујорк да биде потврдена посветеноста на двете земји на процесот во ОН и на продолжувањето на дијалогот, односно да се отстрани чувството и сомнежот дека некој сака овој процес да го маргинализира.

Тој информира дека македонскиот преговарач, амбасадорот Зоран Јолевски беше повикан во Скопје, за да му бидат дадени инструкции и да го пренесе ставот дека Македонија е посветена на продолжувањето на дијалогот и градењето мерки за доверба со Грција, со цел да се дојде до решение за билатералниот спор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...