Претседателот Иванов во официјална посета на Словенија

Љубљана, 15 февруари 2011 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Словенија.

За време на посетата Иванов ќе се сретне со неговиот словенечки колега Данило Тирк, а ќе оствари средби и со премиерот Борут Пахор, потпретседателот на словенечкиот Парламент Миран Покрч, како и со градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ.

Иванов утре ќе присуствува на Бизнис-форум на кој ќе бидат претставени можностите за деловна соработка меѓу двете земји, а ќе се сретне и со претставници на македонската заедница во Словенија.

Во рамки на посетата ќе биде потпишан протокол за соработка меѓу двете земји во областа на образованието од страна на министерот за образование и наука Никола Тородов и словенечкиот министер за високо образование, наука и технологија Грегор Голобиќ.

Покрај министерот Тодоров, во составот на македонската делегација се и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...