Политичарите апелираат на воздржаност

Скопје, 17 февруари 2011 (МИА) - Вицепремиерот Абдулаќим Адеми и министрите за внатрешни работи и за образование и наука, Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров, по денешната работна средба ги повикаа да се воздржат од учество во настани кои би можело да прераснат во инцидент сите оние кои се уште размислуваат за тоа.

- Апелирам до сите, а особено до младите да не потпаднат на никакви провокации и да не дозволат да бидат манипулирани од никого. Заедничкиот став на Владата  и коалициските партнери во врска со сите прашања е дека сите понатамошни активности кои имаат допир со меѓуетничките и меѓурелигиските односи ќе се координираат  во отворен политички дијалог, јавни дебати и дијалог меѓу сите политички партии и невладиниот сектор. За сите тие кои мислат дека можат да ги употребат овие прашања  за други цели им гарантираме дека тоа нема да го дозволиме, рече Адеми во заедничката изјава по состанокот во Министерството за образование и наука.

Тој смета дека настанот на Кале има влијание врз односите меѓу етничките заедници, но оти институциите прават се тој да биде изолиран и се обидуваат, како што рече, да објаснат дека решение за проблемите е дијалогот, а не насилството.

- Односите во нашата мултинационална држава треба да бидат мост на спојување и не смееме да дозволиме во ниту еден случај тие да станат мост на раздвојување... Влогот, кој е од самото осамостојување на нашата држава и преку Рамковниот договор, е преголем за да дозволиме некој да си поигрува со чувствата на различните етнички заедници, додаде Адеми.

Министерката Јанкулоска ги предупреди оние кои планираат повторно да се групираат  дека институциите безмилосно ќе реагираат и нема да толерираат нарушување на јавниот ред и мир и загрозување на правата на поединците и на заедниците во РМ. Рече дека секое насилство ќе биде најстрого казнето.

- Им порачувам на сите млади луѓе да се воздржат од насилно однесување и од креирање и учество во какви било конфликти и тензии кои не придонесуваат за градење толерантно мултиетничко општество, повика Јанкулоска.

Таа соопшти дека од администраторот на социјалната мрежа Фејсбук  очекуваат податоци за тие кои шират говор на омраза за МВР да може кривично да ги гони. - Дел од најмасовните групи на Фејсбук беа укинати, но, за жал, начинот на кој функционираат електронските медиуми и социјалните мрежи остава простор такви групи повторно да бидат креирани, рече Јанкулоска, додавајќи дека постојано ја следат состојбата.

На новинарско прашање во врска со ставот на Исламската верска заедница која денеска на прес-конференција обвини дека полицијата употребила прекумерна сила, министерката Јанкулоска одговори дека е погрешно да се обвинува кој било, а најмалку полицијата.

- Во една мултиетничка земја каква што е Македонија, последното нешто кое полицијата го зема предвид е етничката припадност на граѓанинот. За нас сите граѓани на оваа држава се еднакви и имаат еднакви права и никој, без оглед на етничката или религиозната група на која и припаѓа, нема право да го загрозува правото на другиот, рече Јанкулоска.

Министерот Тодоров апелираше наставниците да влијаат врз учениците како кон свои деца, а нивните родители да разговараат со нив и да им ги предочат опасностите од радикализмот.

- Да не дозволат да се запали фитиљот на деструктивниот национализам кој може да ја уништи македонската мултикултурна демократија...

МВР и МОН преземаат превентивни активности, како поголема контрола на училиштата, поголемо присуство на полицијата на места каде што се собираат многу луѓе, но и зачестени проверки на поединци кои изгледаат сомнително. Јанкулоска рече дека во изминатиот период при проверка на средношколци било најдено ладно, но и огнено оружје. МОН, пак, испратил допис до сите училишта во Македонија, посебно до средните во Скопје, наставниците да им одржат предавања на учениците во кои ќе се нагласи потребата од соживот и мирно решавање на проблемите.

Јанкулоска посочи дека загрижува порастот на насилничко однесување кај учениците во оваа година бидејќи само во јануари се регистрирани 13, од кои 11 во Скопје, и сите биле во или непосредно до училиштата. Во цела 2010 година имало 48 случаи на насилно однесување на ученици.

Тодоров и Јанкулоска ги повикаа и политичарите да не ги злоупотребуваат меѓуетничките односи. - На неодговорните политичари им порачувам дека власта се бара од граѓаните врз основа на програми, идеи и концепти, а не со злоупотреба на деца и адолесценти заради остварување на свои лични политички фрустрации, рече министерот Тодоров.

- Прескапи се политичките поени кои се обидуваат да ги добијат на ваков начин и им порачувам да се откажат од ваков чин на себепромоција и обезбедување ситни дневно-политички поени бидејќи соживотот во Македонија нема цена, додаде министерката Јанкулоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...