Полицијата најостро ќе реагира при евентуални насилни собири

Скопје, 18 февруари 2011 (МИА) – Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска уште еднаш апелираше до сите кои планираат да се приклучат на најавените собирања преку социјалните интернет мрежи каде би можело да ескалира насилство да се откажат, бидејќи полицијата безмилосно ќе реагира и најостро ќе ги санкционира.

- Во изминатите неколку дена се обидов преку директни контакти, преку обраќања до јавноста да апелирам до сите оние кои се уште размислуваат дали да се вклучат во настани каде би можеле да ескалира насилство да се откажат од вакви намери, бидејќи безмилосно ќе реагираме на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир и за загрозување на безбедноста на граѓаните на Република Македонија, изјави министерката одговарајќи на новинарски прашања на денешната заедничка прес-конференција со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на Царинската управа Ванчо Каргов и директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски.

Таа додаде дека засега во МВР не е најавен протест според прописите, односно дека немаат добиено известување за протест или дека ќе има собирање, но, како што вели, комуникацијата што се одвива на социјалните мрежи, односно дебатите на поедини групи на Фејсбук и другите социјални мрежи се доволен индикатор за полицијата заедно со оперативните сознанија кои ги има од теренот да се подготвува за настан на кој би можеле да присуствуваат голем број луѓе.

- Освен превентивата што ја спроведувавме од последното случување до самиот ден на најавениот протест ние мора да бидеме  подготвени и да делуваме репресивно и во таа насока полицијата ќе ги употреби сите средства што и стојат на располагање за спречување на евентуални насилства до кои би можело да дојде. Исто така, ќе ги употребиме сите законски можности што ни ги нудат прописите за санкционирање на лицата кои евентуално би биле инволвирани во насилствата и тие најстрого ќе бидат казнети исто онака како што поднесовме кривична пријава за вкупно 60 лица досега идентификувани директни учесници на инцидентите на Кале минатата недела, истакна министерката за внатрешни работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...