Вељаноски свика координативна средба, опозицијата нема да присуствува

Скопје, 23 февруари 2011 (МИА) - Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска напладне свика нова координативна средба на која ги повика да присуствуваат потпретседателите на Парламентот и координаторите на пратеничките групи и вицепремиерот Васко Наумовски.

На дневен ред на средбата Вељаноски ги стави на разгледување прашањата за основање парламентарна комисија за утврдување на состојбата со избирачкиот список, измени и дополнувања на Изборниот законик (согласно препораките на ОБСЕ/ ОДИХР) и како трета точка измени и дополнувања на Законот за судскиот совет, согласно препораките на ЕУ од извештаите за нашиот напредок.

Формирањето на парламентарна комисија за утврдување на состојбата со избирачкиот список и измени и дополнувања на Изборниот законик се дел од барањата на опозицијата предводена од СДСМ за прекинување на неколкунеделниот бојкот и враќање во Собранието и одржување фер и демократски избори. Како преодно решение за тргање на министерот за правда од Републичкиот судски совет се предлагаат измени на Законот за судски совет.

Опозициската СДСМ вчера со соопштение најави дека нема да се врати во Собранието до исполнувањето на поставените услови.

Во вчерашната писмена изјава претседателот на Собранието Вељаноски истакна дека парламентарниот политички дијалог треба да се одвива во континуитет без оглед на тоа колку се големи недоразбирањата меѓу политичките партии застапени со Собранието.

- Наша обврска како пратеници е постојано да ја јакнеме довербата во општеството, да го одржуваме жив парламентарниот субјективитет и да ја искористиме ширината на механизмите кои ни стојат на располагање за разговор и за решавање на секое спорно прашање. Предложените точки на дневниот ред на закажаната координативна средба се наши парламентарни прашања и по нив треба заеднички да се разговара и договара во Собранието, посочи вчера во писмената изјава претседателот на Собранието Вељаноски. 

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера на прес-конференција повика на неодложни избори во најкус можен рок и притоа го повика претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски достоинствено да ги прифати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...