Милошоски го прими новиот шеф на ЕУ, Соренсен

Скопје, 2 март 2011 (МИА) - Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска го прими новиот шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, амбасадорот Питер Ингеман Моесгаард Соренсен, кој му ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување.

На средбата, соопшти денеска МНР, беа разменети мислења за актуелните состојби во регионот и беше поздравен позитивниот прогрес на реформите во Република Македонија.

Посакувајќи му срдечно добредојде и успех во извршувањето на новата функција, министерот Милошоски го истакна убедувањето дека богатото професионално искуство на амбасадорот Соренсен и неговиот претстоен ангажман во поддршка на спроведувањето на Европската реформска агенда на Република Македонија, ќе придонесат нашата земја, за време на неговиот мандат да ја исполни крајната цел – полноправно членство во Европската Унија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...