Соренсен ќе му ги предаде акредитивите на претседателот Иванов

Скопје, 4 март 2011 (МИА) - Новиот амбасадор на Европската унија во Македонија данскиот дипломат Петер Соренсен, денеска ќе му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Макеоднија Ѓорге Иванов.

Соренсен кој доаѓа на местото на евроамбасадорот Ерван Фуере, претходно му ги предаде копиите од акредитивите на шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.

Во својата досегашна кариера, 44-годишен дански дипломат ја извршувал функцијата личен пратеник на поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана во Белград и шеф на канцеларија на Унијата во Косово, и важи за добар познавач на регионот.

Петер Соренсен е дипломиран правник. Оженет е и татко е на две деца.

Тој ќе биде вториот дипломат кој ја извршува функцијата амбасадор на ЕУ во Македонија, откако со стапувањето во сила на Лисабонскиот договор функциите шеф на Делегацијата на ЕК и специјален претставник на ЕУ бе обединети. Претходникот на Соренсен, Ерван Фуере беше првиот евродипломат кој ги извршуваше заедно двете функции.

ЕУ во Македонија досега ја преставувале повеќе дипломати кои ги извршувале функциите шеф на Делегацијата на ЕК или специјален претставник на ЕУ. Прв специјален претставник на Унијата беше Французиниот Франсоа Леотар кој помогна во донесувањето на Охридскиот договор. Него го наследи уште еден Французин Ален Лероа, а таа функција ја извршуваа и Белгиецот Алексис Брунс и Швеѓанецот Мајкл Салин. Должноста шеф на Делегацијата на ЕК во Македонија, пак, ја извршуваа Португалецот Жозе Пинто Тешеира и Италијанецот Донато Кијарини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...